Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека ќе воведе нови царини од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД, покрај постојните давачки за метали, во уште една голема ескалација на неговата ревизија на трговската политика.
Трамп, говорејќи пред новинарите на Air Force One на пат кон NFL Super Bowl во Њу Орлеанс, рече дека ќе ги објави новите тарифи за метали во понеделник, објави Ројтерс, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Тој, исто така, рече дека ќе објави реципрочни тарифи во вторник или среда, кои ќе стапат на сила речиси веднаш, ќе ги применуваат во сите земји и ќе одговараат на тарифните стапки што ги наметнува секоја земја.
Подготви: Д. Мишев