• Latest

Трамповиот гамбит како увертира на новата партија геополитички шах во изборната кампања на САД

September 15, 2020

Македонски блок 2025: Доминантните наративи проширени и надградени

September 18, 2025
Фото: Дехран Муратов, ЦИВИЛ

Протест „Ниту една повеќе“: Институциите молчат – жените гинат

September 18, 2025

Неделковски ја брани власта со навреди и сексизам: „СДСКомуњарска, победете на избори па сменете ги Панче и Христијан – дотогаш, попуши ми изнад колена“

September 18, 2025

Проф. д-р Оливер Андонов за „хибридните напади“ на власта и наративите во пресрет на локалните избори (1 дел)

September 18, 2025

Две години затвор за Лидија Димова, ќе треба да врати 22,7 милиони денари на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

September 18, 2025

24 ЧАСА: ДИК, ДКСК и ДЗР со Меморандум за изборите; Ексклузивно со проф. д-р Оливер Андонов за „хибридните напади“; Пратеничките против насилство врз жени; Србија и Русија преговараат за нуклеарка

September 18, 2025

Рекорден број реакции на прашањето на ЦИВИЛ за воениот рок

September 18, 2025

Мицкоски: Нашиот пат кон ЕУ е повеќе од хармонизација на закони – тоа е создавање институции кои работат по европски стандарди

September 18, 2025
Фото: МИА Архива

Жените – пратенички од Клубот на пратенички во Собранието упатија реакција за навремена и ефикасна реакција на институциите во случаите на насилство врз жените

September 18, 2025
Israel arrests people in West bank
Source: Al Jazeera

Масовни апсења на Израел во окупираниот Западен Брег

September 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Трамповиот гамбит како увертира на новата партија геополитички шах во изборната кампања на САД

September 15, 2020 11:56
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ГОРДАН СТОШЕВИЌ

Помина една недела откако Трамп во Вашингтон во манир на одличен претприемач ги седна своите нови клиенти од Балканот, наложувајќи да ги закопаат своите воени секири и да се свртат кон иднината, се разбира, во интерес на капиталот. Бидејќи капиталот не трпи застој при протокот на услуги, стоки, луѓе и идеи. Верувајте во моментов тоа никој подобро од Трамп не го знае, па затоа тој и не сака да препушти ништо на случајноста. Особено не во време на светска пандемија која се заканува да ја фрли на колена светската глобална економија.

Изборната кампања во САД е одлична можност за поместување на позициите на шаховското поле на геополитичката и геостратешката табла, каде потребата од дефинирање на позициите преку хегемонијата на капиталот во наредните неколку декади е повеќе од потребна во идните меѓународни односи. Преземајќи ја работата во свои раце, Трамп всушност им фрла ракавица на своите конкуренти Кина, Русија и ЕУ, особено на последниве, после преземањето на претседавањето од страна на Германија. Со овој потег, Трамп на Меркел ѝ сугерира „аргументи“ за неспособноста на водечкиот фактор во Унијата успешно да менаџира со кризи во истата. А тоа во изјавата за познат светски медиум деновиве го потврди и самиот Жозе Борел, кој истакна дека во иднина ЕУ, доколку сака да биде релевантен фактор на одлучување во светската политика, мора да биде поефикасна во решавањето на внатрешните проблеми, наместо тоа да го прават други.

Ваквата кратковидост на бирократскиот апарат во Брисел во последно време сѐ повеќе отвора простор за пенетрација на руските, а особено на кинеските империјалистички интереси во облик на мега проектот Еден појас, еден пат. После Брегзит, во реалполитичкиот спектар сѐ повеќе се говори за прегрупирање на силите во меѓународните односи и воспоставување на нов светски поредок во кој главната улога би требало да ја имаат претставниците на тн. англосфера. А оската Лондон-Вашингтон не би била тоа што е, доколку со нив постојано не е нивниот верен сојузник Тел Авив, кој полека, но сигурно, своето седиште го носи на нова адреса, во Ерусалим.

Така, сите оние засегнати во Белград и Приштина, кои сметаат дека целата оваа рашомонијада од овалната соба во Белата куќа, е резултат на загриженоста на Трамп за политичката status quo ситуација на Балканот, се лажат. Напротив, претприемачот Доналд Трамп го интересира единствено непреченото движење на капиталот и под чија контрола се одвива тоа. Меѓутоа, и она што се нарекува приоритет во повисоките интереси во моментов, односот помеѓу еврејската држава Израел и земјите од арапскиот свет, каде сега за сега одлично менаџира неговиот зет Кушнер.

Тргнувајќи од фактот дека за решавање на овие две горливи прашања не постои расположение во ОН и ЕУ, Трамп ја презема одговорноста преку економски мерки да го зацементира влијанието на САД во овие исклучително турбулентни, но многу важни региони кога е во прашање нивната долгорочна надворешна политика. Стратегија уште од времето на студената војна за која беа задолжени Збигњев Бжежински и Хенри Кисинџер.

Не случајно, ова американско покровителство се случува во време на турбулентни промени во борбата за позиционирање на геополитичката и геостратешката карта на светот, чиј униполарен карактер полека но сигурно прави транзиција во мултиполарен. Во ваквата констелација на односи, САД не пропуштаат прилика да ги искористат своите сојузници како Израел, правејќи чекор напред пред останатите конкуренти за позиционирање во глобалниот свет.

Со потпишувањето на овој трилатерален договор, (кој всушност е билатерален, имајќи го фактот дека засегнати страни во моментов се само Србија и Косово) страните се обврзуваат во целост да ги исполнат обврските кои произлегуваат од него. Американците го имаат најлесниот дел, кои во најкраток можен рок ќе го отворат Фондот за развој на САД во Белград, преку кој кредитните агенции и инвестициските фондови ќе ги финансираат идните инфраструктурни проекти кои треба да ги поврзат Белград и Приштина. Она што Брисел се обидува да го направи од 2011 година, но без успех. Од самиот документ може да се забележи дека САД со овој договор само ќе ги зацврсти своите интереси на Балканот, особено ако ги погледнете точките 3, 7, 9, 10, 11, 13, 14 и 16 од договорот.

Но, пред да преминам на двата клучни потписници на договорот, би се осврнал на четвртата страна која не е директен учесник во договорот, но индиректно се поврзува со истиот, како обврзувачки дел во исполнувањето на обврските на останатите две засегнати страни во моментов. Така, Косово во најкраток можен рок се обврзува да воспостави дипломатски односи со Израел, со што ќе го продолжи трендот на признавање на еврејската држава од страна на доминантно муслимански земји, кој започна со воспоставување на дипломатски односи со ОАЕ, за да продолжи со Бахреин, а во најава се уште неколку. Така, покрај Египет и Кралството Јордан, кои ова го имаат направено уште во 1979 (потег за кој Египет беше исклучен од Арапската лига) односно 1994 година, воспоставувањето на новите дипломатски односи со ОАЕ и Бахреин за Израел претставува дипломатски успех во заложбата за мирна трансформација во односите со земјите од арапскиот свет.

Тренд кој нема да застане овде, напротив, ќе продолжи и ќе се рашири насекаде по арапскиот свет, од Магреб до Индискиот океан. Овде, пред сѐ, предвид доаѓаат Кралството Мароко и Тунис, земји со кои Израел нема изразено заладени односи, поради фактот што граѓаните на Израел можат слободно да патуваат во овие две земји со израелски документи и покрај фактот што немаат формални мировни договори како со Египет и Кралството Јордан.

Останатите три земји кои се потенцијални кандидати на списокот за воспоставување на дипломатски односи со Израел се Судан, Оман и Саудиска Арабија, а особено вниманието е насочено кон третата, поради фактот од потребата на Ријад да се биде регионален фактор на одлучување. Да не заборавиме дека Саудиска Арабија, исто така, е клучен американски играч кога се во прашање интересите на Блискиот Исток и Арапскиот полуостров, имајќи ја предвид изолацијата на Иран.

Инаку, Саудиска Арабија се залага уште од 2002 година за Арапска мировна иницијатива, со која бара од Израел да се повлече од палестинските територии окупирани во војната од 1967 година, во замена за признавање на Израел од арапските земји. Од друга страна, пак, Косово како потписник на договорот со Србија со посредство на САД, се обврзува да го признае Израел и да воспостави дипломатски односи, додека пак Србија, како дел од договорот, се обврзува да го префрли своето дипломатско претставништво од Тел Авив во Ерусалим, за каде првобитно беше планирано отворање на канцеларија на Стопанската комора на Србија. Потег кој до сега го имаат направено само САД и Гватемала во 2018 година. Со ова Србија би била првата европска земја која би го направила тоа надвор од консензусот во Унијата по ова прашање. Инаку, потегот на Американците со признавањето на Ерусалим за главен град на Израел и преместувањето на нивната амбасада во тој град, наиде на одобрување и беше бурно поздравен од еврејската заедница ширум светот.

Многубројните еврејски организации како Анти-Дефамациската Лига, Ционистичката Организација на Америка, Републиканската Еврејска Коалиција, Еврејската Федерација на Северна Америка, Американскиот Еврејски Конгрес, Американскиот Еврејски Комитет Хадасах, Унијата на Ортодоксни Еврејски Конгрегациии, како и Еврејскиот Демократски Совет на Америка (кој не пропушти да упати критика кон Трамп поради тоа што ја занемарил подршката за мир помеѓу Палестинците и Израелците) беа едногласни дека е тоа историски момент за Израел кој требало уште многу порано да се случи, алудирајќи на 30 јуни 1980 година.

И веднаш се поставува прашањето, дали вреди Белград да ја прекрши резолуцијата 478 на Советот на безбедност при ОН од 20 август 1980 година, имајќи го во предвид значењето на резолуцијата 1244 за Србија. Имено, резолуцијата 478 беше изгласана како одговор на одлуката на Израел од 30 јуни истата година Ерусалим да биде прогласен за единствен неделив главен град на еврејската држава. За резолуцијата со која се осудува Израел тогаш гласаа 14 земји, додека само САД беа воздржани.

(продолжува)


Авторот е основач и главен и одговорен уредник на веб порталот IL GRIDO DEL POPOLO.
Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    242 shares
    Share 97 Tweet 61
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    233 shares
    Share 93 Tweet 58
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ