• Latest

Транспаренси Интернешнл: Ефикасното спроведување на Конвенцијата на ОН против корупцијата поважно од било кога

May 22, 2020

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Транспаренси Интернешнл: Ефикасното спроведување на Конвенцијата на ОН против корупцијата поважно од било кога

May 22, 2020 14:08
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Транспаренси Интернешнл – Македонија предупреди дека борбата против корупцијата е поважна од било кога до сег, укажувајќи на неопходноста владите да обезбедат транспарентност и одговорност.

„UNCAC Коалицијата ги повикува владите да обезбедат висок степен на транспарентност во нивното справување со здравствената и економската криза предизвикана од КОВИД-19 пандемијата, со цел нивните заложби да бидат поефикасни и да ги намалат последиците предизвикани од корупција и измами.

Транспаренси Интернешнл – Македонија како членка на UNCAC Коалицијата во повеќе наврати укажа за заложбите коишто ги презема за време на КОВИД-19 пандемијата преку јавни соопштенија преку медиумите и социјалните медиуми, како и на активностите коишто заеднички ги спроведува во рамки на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.

Како што многу држави мобилизираат огромни суми во своите кризни фондови со цел справување со кризата, на јавноста, граѓанското општество и медиумите мора да им биде обезбедена слобода во набљудувањето и евалуацијата на тоа како се трошат јавните ресурси.

„Во ова време на криза, кога граѓанските слободи се ограничени, и системот на спреги и кочници е ослабнат, повеќе од било кога е неопходно да се осигура транспарентноста и анти-корупциските принципи на Конвенцијата на Обединетите нации против корупција и нивно спроведување“, – изјави Матијас Хутер, директор на UNCAC Коалицијата.

Во рамките на Конвенцијата, 186 држави низ светот се обврзаа да создадат системи за јавни набавки коишто ќе се основаат на транспарентност, конкуренција, и објективни критериуми во носењето на одлуки. Во нивните заложби со КОВИД-19 пандемијата, владите мора да обезбедат активно објавување на информациите поврзани со процесите на јавните набавки и јавен пристап до сите важни документи, вклучувајќи ги и поголемите евалуации, склучените договори, нивното спроведување, и завршувањето на проектите.

Неопходно е ова да се примени на склучените договори во постапките за време на криза.

Понатаму, јавноста треба да има пристап до информации, датуми на регистрација на компаниите, нивните поднесени документи, како и нивните директни сопственици, со цел да набљудува кој има придобивки од јавните договори.

Исто така, неопходно е владите да обезбедат транспарентност и одговорност во управувањето со јавните финансии, како што се обврзаа тоа да го прават во согласност со UNCAC: Владите треба да обезбедат целосна транспарентност и соодветен надзор на ресурсите коишто се распределени за справување со КОВИД-19 кризата. Во принцип, имињата и идентитетите на компаниите и претпријатијата коишто примаат помош во период на криза или финансирања, дали во форма на грантови или ниско-каматни кредити, треба да бидат јавно достапни, како и деталите во однос на дадената поддршка и било какви поврзани услови.

Граѓанските организации играат важна улога во набљудувањето во трошењето на јавните ресурси и осигурување на одговорност кај тие коишто носат одлуки. Владите се обврзаа кон промовирање на активна вклученост на граѓанскиот сектор во борбата против корупцијата во рамки на членот 13 од UNCAC. Исто така, неопходно е владите да обезбедат соодветен простор за граѓанските организации, како и медиумите да можат да функционираат дури и во време кога граѓанските слободи се ограничени за заштита на јавното здравје.

Во справување со КОВИД-19 пандемијата, голем број на влади преземаа мерки да се ограничи транспарентноста и јавниот пристап кон информации. Ефикасен пристап до информации е клучен, не само за превенција и детектирање на корупција, и осигурување на одговорноста, туку и за промовирање на јавната доверба и справувањето со дезинформации.

„За време на КОВИД-19 пандемијата, пристапот до информации е поважен од било кога, поради тоа што јавноста мора точно да знае што нивната влада прави за справување со кризата, и да се осигура одговорност во нивните одлуки“, вели Дејвид Банисар, претседател на UNCAC Коалицијата и претседател на Транспарентност во рамки на членот 19: „Пред се, владите не смеат да ја користат пандемијата како можност да ја покријат нивната неспособност, корупција или поширока злоупотреба на човековите права.“

Укажувачите често играат важна улога во откривањето на случаи на корупција, непотизам, измама, загуба и други проблеми коишто влијаат на јавноста. За време на кризата, многу излегуваат пред јавноста со октривање на проблемите со итните реакции што доведе до подобрувања. Но, многу исто така биле казнети или под закана поради таквите постапувања. Поради тоа неопходно е, државите да усвојат и спроведат законска рамка која ќе осигура целосна заштита на укажувачите коишто укажуваат грешки, во јавниот и приватниот сектор.

UNCAC Коалицијата исто така ги повикува сите донатори коишто ги поддржуваат државите во врска со справувањето со здравствената и социо-економската криза предизвикана од КОВИД-19, меѓународните организации, владите, фондациите, како и останатите приватни донатори – да осигураат највисоки степени на транспарентност кога обезбедуваат помош.

Донаторите е потребно јавно да ги објават деталите на финансиската и не-финансиската дадена помош, сите услови поврзани со помошта, имињата и другите идентификувачки фактори на компаниите на коишто им се доделени договори, како и нивните сопственици. Транспарентноста е неопходна за да им се овозможи на граѓанските организации и јавноста да го набљудуваат доделувањето и користењето на помошта во сите нејзини облици. Понатаму, донаторите треба да ги вклучат сите анти-корупциски мерки во кризните фондови коишто ги доделуваат за да може да обезбедат дека средствата не се несоодветно распределени, украдени или потрошени, туку ефикасно насочени кон тие на коишто им е највеќе потребна помош“, соопштуваат од Транспаренси Интернешнл – Македонија.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ