• Latest

Тренчевска: Да зборуваме секој ден за насилството, заедно да зајакнуваме и поттикнуваме

December 5, 2023

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Да зборуваме секој ден за насилството, заедно да зајакнуваме и поттикнуваме

December 5, 2023 12:10
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на канцеларијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија беше организирана Тркалезна маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против родово базираното насилство врз жени и девојки во Република Северна Македонија“. Настанот е организиран во рамките на 16 денови активизам за борба против родово базирано насилство. На тркалезната маса министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска зборуваше на тема „Улогата на институциите во борбата против семејното насилство“.

„Како институции заедно со граѓанските организации и агенциите, за родово базираното насилство не зборуваме само овие 16 денови за борбата против насилството туку зборуваме секој ден, како за она што го имаме направено, така и за она што треба да го направиме. Насилството е комплексна работа и затоа треба да се вклучат и во превенцијата и заштитата сите релевантни чинители“ рече Тренчевска.

Таа во делот на законската рамка и заложбите на Владата во однос на насилството ја истакна ратификацијата на Истанбулската конвенција резултираше со донесувањето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство донесен во 2021 година. Покрај тоа министерката истакна дека покрај законските рамки по претрпено односно извршено насилство потребно е да се работи со жртвите меѓутоа и со насилниците.

„Воспоставивме 13 специјализирани сервиси за згрижување на жени жртви на семејно насилство и родово базирано насилство (засолништа) во 6 плански региони. Покрај засолништата, Министерството за труд и социјална политика има воспоставено и специјализирани советувалишта на територијата на Република Северна Македонија  во 7 Плански региони. Воспоставени  се 10  специјализирани советувалишта за жени жртви на насилство и семејно насилство и  8 специјализирани советувалишта  за психо-социјален третман за сторители  на семејно насилство“ истакна Тренчевска.

Таа во нејзиното обраќање истакна дека законската рамка иако е најчесто повторувана во јавноста и во изјавите тоа е почетната точка во борбата против насилството меѓутоа истакна дека борбата ќе биде целосна само кога ќе се вложува подеднакво и на социјалниот аспект во помош и превенција од родово базирано насилство. Министерката зборуваше за важноста од економското зајакнување, образованието и менталното здравје во борба против насилството.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ