• Latest

Тренчевска: Дневниот центар за деца со попреченост во Липково ја потврдува успешноста на социјалната реформа

October 3, 2022

Предвремените претседателски избори во Република Српска ќе бидат распишани најдоцна следната седмица

August 25, 2025

Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

August 25, 2025
Фотгорафија: Touch Of Light/Wikimedia

Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје

August 25, 2025
Ерол Ризаов

Како да ги препознаете лагите

August 25, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Четири новинари меѓу 15-те загинати во израелскиот напад врз болница, велат официјални лица од Газа

August 25, 2025

Њујок Тајмс: Дали Украина ќе се откаже од Донбас?

August 25, 2025

ДЗР: Системот за интегрирано планирање на ресурсите што го користат голем дел од институциите од јавниот сектор е без соодветна заштита на податоците

August 25, 2025

Пропадна уште едена обид за конституирање на Собранието на Косово

August 25, 2025

ЦУК: Еден активен пожар, два под контрола, вкупно 24 изгаснати пожари

August 25, 2025
Фото: МИА архива

Се комплетира тимот од странски експерти кои ќе утврдуваат дали се правеле непотребни операции во приватните болници

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Дневниот центар за деца со попреченост во Липково ја потврдува успешноста на социјалната реформа

October 3, 2022 15:12
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, го посети специјализираниот центар за дневен престој на деца со попреченост, лоциран во населеното место Оризаре.

По приближно една година од добивањето на дозволата за вршење дејност од областа на социјалната заштита, во овој современ специјализиран Дневен центар на дневно ниво престојуваат 14 деца, а истиот има капацитет од 38 деца со попреченост од повеќе населени места во општината Липково.

Воспоставувањето на оваа социјална услуга и работата на овој Дневен центар се дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го имплементира Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска банка.

„Многу ме радува што гледам дека овој центар работи успешно и што навистина имаме неверојатен напредок кај децата кои престојуваат овде. Им честитам на целокупниот пероснал кој со својата посветена и стручна работа се грижат и овие деца со попреченост кои живеат во помалите населени места да добијат еднакви можности да се интегрираат во образовниот и општествениот живот. Тоа се совпаѓа со заложбите на владата и на министертвото, како и со основните цели на социјалната реформа, а тоа е да се овозможи пристап до неопходните социјални услуги на сите оние на кои тие им се потребни, вклучувајќи ги најранливите групи во општеството, како и оние што живееат во руралните и одалечените места во државата. Востанувањето и успешното функционирање на овој центар е најдобар показател дека социјалната реформа е успешна“, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Со центарот управува здружението „Имаго плус“, чии вработени, кои поседуваат лиценци за ваков вид дејност, преку индивидуален пристап, обезбедуваат професионален и стручен третман за нега и рехабилитација на секое дете во центарот, подготвуваќки ги успешно да се интегрираат во образовниот и општествениот живот. Услугата што ја добиваат децата во овој центар предвидува индивидуална, групна и окупациска терапија која на децата им помага да го зачуваат и унапредат своето здравје и истовремено да го поттикнат нивниот интелектуален, емоционален и социјален развој. Покрај тоа во овој центар се спроведуваат и стручни советувања и работилници за поддршка на родителите на децата.

Липково беше една од општините која, во партнерство со здружението „Имаго плус“, аплицираше на првиот јавен повик и доби средства од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што овозможи да се воспостави и развие услугата нега за децата со попреченост кои живеат на територијата на оваа општина.

„Благодарение на блиската соработка со Министертвото за труд и социјална политика и Имаго плус успеавме, по повеќе од десет години, да го завршиме и активираме овој центар, со што и децата со попреченост од нашата општина почнаа да добиваат современ третман и неопходна грижа која секако ја заслужуваат. И покрај ограничените финансиски средства што ги имаме како рурална општина, а кои во услови на енергетска криза се повеќе се намалуваат, ние и понатаму на секаков можен начин ќе го помагаме овој центар, овозможувајќи на тој начин негово непречено и успешно функционирање во полза на децата“, рече градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи.

Здружението „Имаго плус“, кое управува со Дневниот центар во Оризаре, има повеќегодишно искуство во работата со деца со попреченост. Од неодамна овој центар ги исполни неопходните услови, со што финансирањето на социјалните услуги кое досега се реализираше преку Проектот, во иднина ќе продолжи да се реализира преку системот за централно финансирање од државниот буџет.

„Задоволни сме што како тим, преку стручен и професионален пристап и со поддршката што ја добиваме од надлежните институции на централно и локално ниво, уште во првата година од работата на центарот креиравме соодветни услови и можности за децата со попреченост од населените места во општина Липково. Досегашните резултати во работата, како и влегувањето во системот на централно финансирање од буџетот, дополнително нѐ охрабруваат да продолжиме да се развиваме и понатаму, со цел да им ја овозможиме најдобрата грижа и поддршка на децата“, истакна Земријет Бела Весели, претседателка на „Имаго Плус“.

За негата, третманот и секојдневните активности на децата кои престојуваат во Дневниот центар во се грижи стручен тим составен од пет специјалисти, и тоа: рехабилитатор и едукатор, логопед, психолог, социјален работник и физиотерапевт.

„За нас како луѓе кои својот професионален живот го посветиле да им помогнат на оние на кои тоа им е најнеопходно, а посебно на децата со попреченост, претставува огромна сатисфакција кога ги гледаме плодовите од нашата работа. Среќни сме од досегашниот напредок што го постигнавме во работата со децата кои претстојуваат во нашиот дневен центар и веруваме дека она што ќе го постигнеме овде заеднички ќе им помогне на децата да имаат успешен личен и професионален развој и квалитетен живот понатаму“, објаснува координаторката на Дневниот центар, Аринета Нухија.

Во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, што е еден од инструментите за поддршка на социјалната реформа која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, досега се поддржани 22 проекти во 27 општини ширум земјата. Најголем дел од овие проекти се наменети за помош и нега на стари лица во нивните домови, додека останатиот дел се за услугите: дневен престој за стари лица со активно стареење, дневен престој за деца со попреченост и рехабилитација, како и дневен престој, рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост и советување. За давање на овие социјални услуги досега се обучени и лиценцирани преку 300 лица, кои обездуваат соодветна грижа за околу 700 корисници.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ