• Latest
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска

Тренчевска: МТСП директно учествува во обезбедување на услуги за рана интервенција кај децата

October 31, 2022
Одбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје. Фото: Цивил Медиа

Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

August 24, 2025

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: МТСП директно учествува во обезбедување на услуги за рана интервенција кај децата

October 31, 2022 12:27
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на настанот по повод презентација на наодите од „Анализата на состојбата со раната интервенција кај децата во Северна Македонија“, изготвена во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ во партнерство со Филозофскиот Факултет во Скопје и “RISE Institute” Washington D.C.

Министерката истакна дека заложбата за раниот детски развој за секое дете, а особено на децата со попреченост и обезбедувањето на социјалните и здравствените услуги е клучната инвестиција која обезбедува квалитетен и инклузивен живот во подоцнежните години.

„Реформите во социјалната заштита обезбедија широк влез на сите заинтересирани професионалци кои работат на полето на попреченост да го дадат својот придонес во развој на потенцијалите и капацитетите на детето и неговото семејство. Учеството на Министерството за труд и политика во политиките на рана интервенција вклучува активности кои директно ги засегаат децата, како и оние кои индиректно ги засегаат нивните семејствата. Обезбедена е законската рамка за развој на социјални услуги за индивидуален и групен третман, постои мрежа на дневните центри за деца и лица со попреченост од државни и приватни даватели на услуги, а исто така со помош на Делегацијата на Европската Унија отпочнат е процес на осовременување на Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Центар за социјални услуги. На овој начин, Министерството за труд и социјална политика, директно учествува во обезбедување на услуги за рана интервенција,“ рече Тренчевска.

Министерката посочи дека под водство на Министерството за труд и социјална политика, а заедно со колегите од Министерството за здравство, од Министерството за образование и наука, како и од Националното Координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост изработен е Правилник за функционална проценка.

„Верувам дека во Република Северна Македонија имаме добра основа за услуги за рана детска интервенција, но потребни се дополнителни напори за развој на програми за рана интервенција кои обезбедуваат квалитетни, ефективни и подеднакво достапни услуги кои се однесуваат на потребите на децата, приспособени според возраста на детето и околностите во кои индивидуални деца живеат и се обезбедуваат во семејството. Затоа, услугите за рана детска интервенција треба да се гледаат како услуги со висок приоритет со главна цел да се развијат координирани и мулти – секторски стратегии засновани на правата на децата. Не смееме да заборавиме дека детската насмевка не смее да зависи од неговата/нејзината тешкотија, туку од можностите што општеството ги дава и овозможува,“ рече Тренчевска.

Таа се заблагодари за можноста да биде дел од овој настан и потенцираше дека сеопфатната анализа ќе помогне да се разбере состојбата на национално ниво на системот за рана интервенција кај децата, како и дека ќе даде насока за изготвување на решенија за зајакнување, подобрување и проширување на поддршката на националниот систем.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ