• Latest

Тренчевска: Родовата еднаквост во приватниот сектор е шанса за професионален раст и развој на секоја жена

November 24, 2022
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Најмалку 50 загинати во ноќешните израелски напади врз Појасот Газа

October 29, 2025
Фото: МИА

Полски МиГ-ови пресретнаа руски извидувачки авион

October 29, 2025
Фото: Ангел Ангеловски

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово

October 29, 2025
Фото/ Wikimedia commons

Евробарометар: Повеќе од половина Европејци поддржуваат проширување на Европската Унија

October 29, 2025

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Родовата еднаквост во приватниот сектор е шанса за професионален раст и развој на секоја жена

November 24, 2022 22:21
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присуствуваше на настан насловен „Зајакнување на позицијата на жените во приватниот сектор“, организиран од Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, како членка на Алијансата за родова еднаквост при Асоцијацијата за е-трговија.

Како што соопштија од МТСП, настанот бил посветен на иницијативата за еднакви можности, еднаква застапеност и еднакво вреднување на трудот преку промовирање на важноста на родовата еднаквост, недискриминација и еднакви права и можности за сите.

Во обраќањето до присутните, особено до жените кои се дел од приватниот сектор, министерката Тренчевска изразила почит за нивната истрајност и борбеност за родова еднаквост на работните места и нагласила дека тие се пример на нови игри и правила, како и мотивација за сите жени.

„Секоја од вас верувам ја знае мојата посветеност на промовирањето на родовата еднаквост во нашето општество, на подобрувањето на условите за живот, но и личен развој на жените, за еднаква плата за жените, но и еднакви можности. Затоа ви се обраќам пред се како жена, жена која верува во моќта на жените, нивните капацитети и квалитети. Како министерка гордо би ви кажала дека жените се приоритет во секоја моја одлука, посебно кога станува збор за нивната интеграција на пазарот на трудот. Свесна сум за важноста на економското зајакнување на секоја жена во Република Северна Македонија“, нагласила Тренчевска.

Истакнала дека Министерството посветено работи на развивање на програми и мерки кои го поддржуваат вработувањето. Притоа, Тренчевска информирала дека за неполни две години преку мерките на Оперативниот план за активни програми и мерки,се вработиле 3370 жени,додека со вештини и квалификации барани на пазарот на трудот се стекнале 6035 жени, односно речиси 10.000 жени се вработени или работно-оспособени.

„Грантовите за самовработување се најпривлечна мерка за жените очигледно. Токму нивните нови иновативни бизниси, поддржани од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, но и од вас,во текот на нивниот развој придонесуваат за нова бизнис клима,за раздвижување на конкуренцијата, за оснажнување на други жени. Токму нивните идеи, напори, но и потреба за вмрежување се опфатени во Стратегијата за развој на женското претприемаштво,која треба да промовира економското јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис клима и обезбедување поддршка за развој на нивниот претприемнички потенцијал, со што ќе се придонесе кон развојот на постоечките и отворање на нови претпријатија, креирање на нови работни места а со тоа и јакнење на целокупната економија“, порачала Тренчевска, се наведува во соопштението.

Таа информирала дека Министерството за труд и социјална политика неуморно работи и на новиот предлог Закон за работни односи, кој ќе биде насочен токму кон подобрување на правата и состојбата на работниците.

„Во Законот е предвидено воспоставувањето на три вида на отсуство освен, обезбедување на заштита, имаат за цел и изедначување на улогата на мајката и таткото, односно мажот и жената во периодот на подигање на детето или децата. Дополнително, ќе биде предвидена и можност за флексибилни форми на работа, кои на двата родители ќе им овозможат да работат флексибилно, заради грижа и нега на дете, во форма на работа со неполно работно време, прилагоден распоред на работните часови или работа на далечина, во согласност со неговите потреби за давање грижа и нега на детето и потребите на работодавачот поврзани со работниот процес“, истакнала Тренчевска.

На овој н ачин, подвлекла министерката, работничката -мајка, ќе може, исто како и таткото-работник да се еднакви во извршувањето на родителските должности, вклучително и правото на еднаков професионален развој.

„Чувствувам потреба во пресрет на почетокот на кампањата за 16 денови активизам против насилството врз жените дека токму економски стабилните жени, сигурни, самоуверени и храбри се оние кои застануваат храбро за себе, за своите деца и против било која форма на насилство со која може да се соочат.  Затоа сте ни важни, вие и вашите приказни, вашите ширум отворени раце за поддршка, но и вашата визија за рамноправност“, рекла Тренчевска.

Министерката Тренчевска изразила уверување дека активностите на Министерството, но и нејзината лична заложба за подобрување на позицијата на жената на пазарот на трудот ќе бидат доволен мотив за сите да продолжат со промовирање на еднаквоста во приватниот сектор и испишување подобри правила за професионален раст и развој на жените, токму онаму каде мажите заборавиле да го направат тоа.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ