• Latest

Тренчевска: Заедно со меѓународните партнери и граѓанските организации градиме еднакво општество за сите

June 22, 2022

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Заедно со меѓународните партнери и граѓанските организации градиме еднакво општество за сите

June 22, 2022 16:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присутвуваше на настан организиран од УН агенциите во земјава, каде водено беше презентирана „Анализата на состојбата со правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија-2021“, и беше  претставена заедничката програма на ОН „Од знаење и ангажман до зајакнување и учество“, информираат од МТСП.

Министерката Тренчевска во своето обраќање даде осврт на досегашните постигнувања и предизвиците на лицата со попреченост во нашата држава.

Таа информираше дека, покрај Стратегијата за Деинституционализација, Владата на РСМ заедно со Министерството за труд и социјална политика веќе отпочна процес на развој на Национална стратегија за попреченост во која учествуваат и се дел од  работната група различни институции кои што имаат надлежност за лицата со попреченост и претставници на граѓанските организации. Целта е носење на национална стратегија за попреченост која што во иднина дополнително ќе ги унапреди правата на лицата со попреченост.

Таа се осврна на воспоставувањето на социјалните услуги во заедницата, каде се јавуваат јавни и приватни даватели на услугите, како и дека досега се лиценцирани над 60 приватни даватели на социјални услуги, од кои најголемиот дел се финансираат од буџетот МТСП.

„Во владина процедура е третиот Акцискиот план за деинституционализација, а се  интензивира преселбата на корисниците од социјалните институции. Скоро 65% од корисниците во Специјалниот Завод во Демир Капија се преселени преку таквите социјални услуги за живеење со поддршка кај јавни и приватни даватели на социјални услуги.  Истовремено, во  подготовка е и  проект за темелна реконструкција и модернизација на Заводот Скопје (Топанско Поле) кој е замислен да биде Центар за социјални услуги,“ рече Тренчевска.

Таа посочи дека моментално функционираат 36 дневни центри за деца и лица со попреченост на територија на целата држава, кои треба да се реформираат – да прераснат во даватели на современи индивидуални услуги, а не да обезбедуваат само „дневен престој“. Притоа, ја потенцираше важноста да се работи на развивање на вештини на оние кои што ја користат услугата. Посочи и дека, децата и да возрасните да се „одвојат“, затоа што работата со децата бара специфичност и центрите треба да работат токму на оспособување на децата за нивна поголема активност понатаму во животот.

Министерката рече дека воведувањето на МКФ ќе го олесни воведувањето регистар на лицата со попреченост. Нешто што е неопходност во државата и нешто на кое што институциите и граѓанските организации го работат заедно.

Таа зборуваше и за измените на Законот за заштита на децата, со кои, меѓу другото, се предвидува децата со попреченост да имаат приоритетно право на упис во јавните детски градинки, како и зголемувањето на паричните надоместоци за правото на посебен додаток за 15%, ослободувањето од партиципација за деца со попреченост од 26 годишна возраст, како и намалувањето на возрасната граница за користење на траен надоместок на 60 години за жени односно 62 за мажи.

Во подготовка е и нов Закон за вработување на лицата со попреченост за кој ќе се организира јавна дебата со претставници на ќе бидат вклучени сите се со цел добивање на закон кој што ќе одговара на потребите на лицата со попреченост.

Министерката истакна дека наодите од анализите како денешната, ќе бидат патоказ за креирање на идните политики не само на МТСП туку и на сите релевантни институции кои работат на проблемот со лицата со попреченост.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ