• Latest

Трет ден самит на НАТО

July 11, 2024
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Трет ден самит на НАТО

July 11, 2024 09:07
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Вашингтон денеска продолжува средбата на шефовите на држави или влади на членките на НАТО, на која учествува и македонска делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски.

На третиот ден од вашингтонскиот Самит на НАТО, лидерите на Алијансата ќе имаат состанок со нивните колеги од партнерските земји од азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Јужна Кореја, како и со високи претставници на Европската Унија.

Самитот ќе заврши со заседание на Советот НАТО-Украина на ниво на шефовите на држави или влади, на кое се очекува реафирмација на поддршката на Алијансата за Кијив колку што ќе биде потребно.

Вчера при пристигнувањето на работниот дел на Самитот, премиерот Мицкоски изјави дека за нас е важно на овој собир да бидат донесени одлуки што ќе ја моделираат иднината на човештвото во следните декади, за што и земјава ќе го даде својот придонес.

– Како држава сме подготвени да го додадеме својот придонес на сето она што претставува вредност. Тука сме заедно со нашите сојузници за да ја потврдиме нашата посветеност, како и досега, така и во иднина, дека ќе го промовираме мирот, стабилноста и владеењето на меѓународното право, истакна Мицкоски.

Премиерот посочи дека македонската Влада сака да биде рамо до рамо со нашите сојузници и да го потврдиме слободарскиот дух на македонскиот народ и на македонските граѓани.

– Остануваме посветени на исполнување на обврските, односно минимум два проценти од БДП да бидат инвестирани во модернизација на нашата Армија, нешто коешто е многу важно, затоа што само на тој начин ќе ги следиме современите чекори и ќе ја следиме најголемата светска одбранбена алијанса што некогаш постоела, додаде Мицкоски.

На вчерашниот дел од Самитот, на кој се одржа заседание на Северноатлантскиот совет, лидерите расправаа за усвојување на „значителен пакет“ за поддршка на Украина од пет елементи, кој опфаќа создавање Командата на НАТО за Украина која ќе обезбедува безбедносна помош и обука, потоа ветување за продолжување и одржување на долгорочната поддршката за земјата и испорака на итна воена поддршка, кој ќе вклучува системи за противвоздушна одбрана и нови билатерални безбедносни договори меѓу сојузниците и Киев, обезбедување целосна интероперабилност меѓу украинските и силите на Алијансата и отворање нов Центар за обука и воздухопловство во Полска.

– Сите овие пет елементи заедно претставуваат силен мост за Украина до членство во Алијансата. И јас сум убеден дека сојузниците ќе ја повторат својата посветеност дека Украина ќе стане членка на НАТО, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Според Столтенберг, поддршката за Украина во справувањето со руската инвазија не претставува милосрдие, туку инвестиција во безбедносниот интерес на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО изјави и дека војната во Украина покажала оти безбедноста на членките на Алијансата и на партнерите од регионот на Источна Азија и Пацификот е меѓусебно поврзана, бидејќи Иран, Северна Кореја и Кина станаа „главните овозможувачи“ на руската агресија врз Украина.

Домаќинот на Самитот, американскиот претседател Џо Бајден во воденото обраќање на заседанието на Северноатлантскиот совет истакна дека земјите членки на НАТО мора да ги зголемат своите производни капацитет во одбранбената индустрија за да бидат во чекор со руското производство на оружје и муниција.

– Русија значително го зголемува производството на оружје, муниција и возила со помош на Кина, Северна Кореја и Иран, не можеме да дозволиме Алијансата да заостане, рече Бајден.

Тој изрази задоволство што членките на НАТО работат на проширување на нивната индустриска база и капацитети и што се посветени на зголемување на трошоците за одбраната, што тој го оцени како „критичен чекор за одржување на безбедноста“. Според него, НАТО ќе стане „поиновативен и поконкурентен“ ако членките развијат планови за домашно одбранбено производство.

Бајден оцени и дека во изминатите 75 години, земјите членки растеа и напредуваа под заштитата на НАТО.

– Денес сме посилни од кога и да сме биле досега, истакна Бајден, посочувајќи дека од неговото преземање на претседателската функција пред неполни четири години НАТО двојно го зголеми бројот на борбени групи на своето источно крило, а Финска и Шведска и се приклучија на алијансата.

Инаку, на маргините на Самитот, Мицкоски се сретна со повеќе лидери на земјите членки на НАТО, меѓу кои и со премиерите на Италија и Бугарија, Џорџа Мелони и Димитар Главчев, а заедно со неговите колеги од Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Милојко Спајиќ остварија средба и со американските сенатори Џин Шајин и Том Тилис и со членови на Мониторинг група за НАТО во Сенатот на САД.

На средбата со американските сенатори Мицкоски посочи дека балканскиот регион помина тежок период на предизвици и промени кои покажаа дека единствено соработката, забрзаниот развој и инвестирањето во пријателства им носи подобар живот на граѓаните. Тој истакна дека блокадите, кочењето и опструкциите треба да бидат реликвија на едно минато време од кое регионот треба да извлече поуки како се заглавува во неразумни спорови и се создаваат стереотипи и раздор меѓу граѓаните.

– Секоја иницијатива која е за поголема соработка на регионот и која може да донесе подобар живот е добредојдена, истакна Мицкоски, додавајќи дека е потребен нов почеток и генерација на политичари подготвени за разумен дијалог базиран на факти, како и дека иднината на регионот е економската соработка и инвестициите за посреќни граѓани и апсолутна борба против корупцијата и организираниот криминал кои се најголема закана за напредокот.

Како што објави Мицкоски на Фејсбук, со Мелони разговарале за продлабочена соработка и за можноста за зголемување на економската и трговската размена меѓу двете земји. / МИА

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ