• Latest
Фото: https://gpapanikolaou.gr/

Три лица со изгореници од пожарот ќе бидат пренесени во болница во Солун, МО на Србија испрати итна помош за повредените во Кочани, Софија прати авион за превоз на петмина тешко повредени во бугарските болници

March 16, 2025
Хемиската фабрика Азот, која се наоѓа во Пермскиот крај, е еден од најголемите производители на азотни ѓубрива во Русија. (Телеграм

Украински дронови нападнаа фабрика на рускиот хемиски гигант на повеќе од 1.700 километри од фронтовските линии

October 3, 2025

Кампањата се заострува – ветувања за инфраструктура, нови населби и еко-проекти

October 3, 2025

Петти ден кампања: СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид; ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола

October 3, 2025

Вестминстерска алијанса за Украина: Дебата во Рим за идентификување конкретни предлози за улогата на „Коалицијата на волните“ 

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Најмалку две лица се убиени во Мароко откако избувнаа протестите на Генерацијата Z

October 3, 2025
Фото: Мекедонија пат

Снегот нé изненади: Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово – Леуново – Бунец во прекин, забрана за тешки товарни возила на магистралниот пат Маврово-Дебар

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на
10 News

Германија привремено го затвори аеродромот во Минхен откако беа забележани дронови во областа

October 3, 2025

Дерала, Касале и Џозеф од Рим: Демократијата мора да се брани – со обединета Европа против војната, национализмот и авторитаризмот

October 2, 2025

Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

October 2, 2025
Фото: Веб-страна на претседателот на Украина

Зеленски: На Европа ѝ е потребна политичка волја да дејствува и да ги прекине врските со Русија

October 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Три лица со изгореници од пожарот ќе бидат пренесени во болница во Солун, МО на Србија испрати итна помош за повредените во Кочани, Софија прати авион за превоз на петмина тешко повредени во бугарските болници

March 16, 2025 13:56
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Фото: https://gpapanikolaou.gr/

Фото: https://gpapanikolaou.gr/

Share on FacebookShare on Twitter

Три млади деца со изгореници, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун, потврди во разговор со дописничката на МИА од Атина, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос.

Според Јанакос, солунската болница располага со Одделение за изгореници со четири кревети, денеска биле испразнети три и очекуваат повредените да бидат пренесени во Солун и хоспитализирани во Папаниколау.

По наредба на српскиот претседателАлександар Вучиќ, Министерството за одбрана и Армијата на Србија итно испратија 14 лекари и медицински персонал и пет возила на брза помош за да им укажат помош на повредените во синоќешната несреќа во Кочани, јави МИА од Белград.

Некои од повредените граѓани на Северна Македонија ќе бидат згрижени во Воената болница во Ниш, а оние чија состојба бара посериозно лекување ќе бидат пренесени во Воената медицинска академија во Белград.

На властите од Скопје им е понудена и дополнителна медицинска и логистичка помош во врска со нивната грижа, соопшти Министерството за одбрана.

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Северна Македонија кој во бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада.

Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на интензивна нега и специјалисти за изгореници.

Повредените ќе бидат примени на специјализирани одделенија за изгореници во болниците во Софија и Варна.

Дополнително, итно е ставена во готовност клиничката база во болниците во Софија, Варна и Благоевград за да се примат повредени лица доколку има потреба. Бугарските болници се подготвени да примат уште повредени по координација со властите на Република Северна Македонија, информира Владата во Софија.

М. Д.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: болница во СолунМО на Србија.помош за настраданитетрагедија во Кочани
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ