• Latest

Три затворски, една условна и една ослободителна пресуда за „Тврдина“

January 13, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Три затворски, една условна и една ослободителна пресуда за „Тврдина“

January 13, 2025 13:08
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Кривичниот суд денеска ја објави пресудата за „Тврдина“, делот од предмет за масовното прислушување на СЈО „Таргет-Тврдина“ што не застареа со измените на Кривичниот законик. За злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа, поврзано со уништувањето на системите за следење на комуникацијата во УБК, Судот денеска ги прогласи за виновни обвинетите Тони Јакимовски и Валентина Симоновска, кои беа присутни во судница, како и Горан Грујевски и Никола Бошкоски, екс разузнавачи кои избегаа во Грција, на кои им се судеше во отсуство.

За делата злоупотреба на службената положба и фалсификување исправа обвинетиот Тони Јакимовски беше осуден на една единствена казна затвор од три години, во која се засметува и притворот, обвинетиот Горан Грујевски на една единствена казна затвор од 14 години и шест месеци и обвинетиот Никола Бошкоски на една единствена казна затвор од девет години и десет месеци.

Обвинетата Валентинa Симоновска, доби условна осуда со казна затвор од две години, доколку во период од пет години не стори друго кривично дело.
Тие се виновни за ништење на системите за следење на комуникациите Веринд и Најс трак на отпадот „Бубо металика“ во Скопје во 2015 година. Балираните делови од ништената опрема, потоа биле однесени во дробилница во „Еко цирко“, со цел прикривање на трагите. Со тоа нанеле штета на државата во вредност од 1 милион и 418 илјади евра.

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска се ослободува од обвинение, бидејќи обвинителството во текот на судењето не го докажало делото што и се става на товар.

Судијата Илија Трпков, на почетокот порача дека случајот Таргет-Тврдина е најголемиот случај со незаконско прислушување на над 20 илјади граѓани кои со тоа биле држени во заложништво, а со тоа и самата држава и целокупниот општествен живот.

– Не смееше да се дозволи застарување на делот од прислушувањето на овој предмет. Но, се случи упад во судството со измените на Кривичниот законик и тоа се случи. Овој предмет се уште има шанса барем делумно да ја задоволи правдата во делот за ништењето на опремата, изјави судијата Трпков.

Судијата Трпков, посочи дека обвинетите во текот на судењето се однесувале коректно, но дека неговиот впечаток е дека знаат многу за прислушувањето, ама како што рече „не сакаат да зборуваат за тоа“.

Судот во октомври 2023 година донесе решение за запирање на кривичната постапка за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување во случајот за „Таргет-Тврдина“ за обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски поради настапено застарување.

Со ова застаруваат кривичните дела за нелегалното прислушување за предметот, а во судница останаа обвинетите што се опфатени со делот за ништење на опремата, односно делот „Тврдина“.

Случајот со нелегалното прислушување „Таргет-Тврдина“ започна во јуни 2017 година. Во овој предмет со обвинението опфатени беа поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредба, јави МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ