• Latest

Тркалезна маса за корупција на локално ниво

April 12, 2021
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тркалезна маса за корупција на локално ниво

April 12, 2021 16:03
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Големиот број законски прописи, институции, органи и тела со надлежност во урбанизмот, како и самата природа на секторот урбанизам, односно високиот степен на дискрециони овластувања при вршење на надзор и издавање лиценци, го прават подлежен на корупција. Додека претераната урбанизација и градежна експанзија граѓаните сметаат дека е резултат на коруптивни активности на локалната власт, сепак во голема мера тоа се должи и на пасивната и поларизирана јавност.

Ова беше порачано на денешната тркалезна маса организирана од Коалицијата „Сите за правично судење“ во рамки на проектот „Корупција? Не во мојата општина!“, финансиски поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Претседателка на Државна комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, посочи дека ДКСК во текот на работењето има наидено на сериозни проблеми од аспект на продажбата на градежното земјиште и дека е неопходно јасно да се дефинира што е јавен интерес на државата и да се намали процентот што може да се купи со цел дооформување на градежна парцела.

Според Ивановска, како да се прави хаос при продажбата на државното земјиште и од една страна со Законот за денационализација земјиштето не се враќа на правите корисници, туку како јавен интерес се овозможува располагање со земјиштето и во меѓувреме државата го продава, како градежно земјиште.

Ова е случајот, посочи Ивановска, со продажбата на земјиштето кај „Холидеј ин“.

–  Семејството не можело да си го врати своето земјиште преку процес на денационализација. После една година од продажбата добива известување дека ќе биде обесштетено со 600 илјади денари за 650 квадрати, што е далеку од умот, истакна Ивановска.

Правниот истражувач од Коалиција „Сите за правично судење“ Дарко Аврамовски, посочи дека при антикорупциската проценка на Законот за урбанистичко планирање, како потенцијални ризици ги идентификувале големиот број институции, органи и тела со надлежност во урбанизмот, потоа голем број прописи кои се однесуваат на регулирањето на овој сектор и самата природа на секторот урбанизам, односно високиот степен на дискрециони овластувања при вршење на надзор и издавање лиценци.

Ризиците од корупција во Законот за урбанистичко планирање, посочи тој, се гледаат во недостигот на прецизни одредби, како што е немање дефиниции за бруто/нето изградена површина, не е прецизирано кое министерство е надлежно за планирање на просторот, како и нејасност на постапката за суспендирањето на урбанистичките планови и одговорност за штета, роковите и недостигот на одредби кои го регулираат учеството на јавноста во процесот.

Дополнителен проблем, според Аврамовски, е законот за легализација на бесправно изградените објекти, што обврзува инкорпорирање на овие објекти во новите урбанистички планови и Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа – што за жал најчесто  се темели на градежни активности и движење на имот.

Претседателот на Центар за еколошка демократија „Флорозон“ Скопје Кирил Ристовски, посочи дека новото законско решение од 2020 година го претставува моделот на партиципативното тело, составено од членови на комисијата за урбанизам на општината и градот Скопје, претставници на невладини организации, како и жители и претставници на здруженија на граѓани од подрачјето на општината, што според законодавецот е доволно за обезбедување на јавноста и нејзино учество.

– Навидум лаички ако се чита може да се констатира дека сите меѓународни стандарди се застапени, меѓутоа не е јасно прецизирано како ќе се информира јавноста и во кој обем. Како ќе се избираат учесниците во Координативното тело и во кој обем и како ќе се применуваат нивните забелешки за урбаните планови, така што има уште простор за унапредување на ова законско решение, истакна Ристовски.

Програмската директорка во Фондација Отворено општество–Македонија Данче Даниловска – Бајдевска, посочи дека проектот е имплементиран во соработка со пет општини – Карпош, Дојран, Охрид, Прилеп и Желино во рамки на кој е овозможена бесплатна правна помош за граѓаните за пријавување на потенцијална корупција.

– Овозможена е правна помош за граѓаните во 188 случаи. Урбанизмот е една од трите најчести области за кои граѓаните бараа правна помош од граѓанските организации. На прво место, беше вработувањето, па здравствената заштита, рече Даниловска Бајдевска.

Претераната урбанизација и градежна експанзија, нагласи таа, може да заклучиме дека од граѓаните се перципира како резултат на коруптивни активности на локалната власт.

Градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев, посочи дека за жал голем процент од граѓаните се уште немаат доволно доверба во општинската локалната самоуправа и тоа, според него, најмногу се темели на нерешени предмети, неодговорени прашања и неажурност, но и општата политичка состојба во државата.

–  Често пати во комуникацијата, граѓаните знаат да речат дека полесно ќе добијат одговор од мене како градоначалник, отколку од службеник или раководител на сектор. Тоа е проблем и за граѓаните и за мене. Ако одреден проблем на граѓаните мора да стигне до првото лице што раководи со институцијата, најверојатно тој или таа ќе бидат заглавени во решавање на безброј индивидуални предмети, наместо тоа да си го прават службениците и раководителите на сектори и одделенија, што треба да бидат професионална администрација и пред и за време и после мандатот на градоначалникот ги решаваат проблемите на граѓаните, рече Богоев.

Во таа насока, посочи тој, општина Карпош извршила и дигитализација на дел од услугите преку мобилната апликација М-заедница, каде граѓаните директно комуницираат со општинските инспектори и пријавуваат проблеми.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ