• Latest

Царовска: Хибридниот модел на настава досега покажа одлични резултати, заштитувајќи го здравјето на учениците и наставниците

March 10, 2021

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Хибридниот модел на настава досега покажа одлични резултати, заштитувајќи го здравјето на учениците и наставниците

March 10, 2021 09:44
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Ние сме во постојана координација со Комисијата за заразни болести преку Министерството за здравство и токму затоа што се динамични бројките, одлучивме второто полугодие да започне на ист начин како што заврши првото, истакна министерката за образование Мила Царовска.

Во вечерашното гостување на Топ Тема на телевизија Телма, Царовска посочи дека остануваат на истиот став, поради варијација на бројот на позитивни ученици во училиштата, кои посетуваат настава со физичко присуство. Таа додаде дека состојбата е стабилна и се следи на дневно ниво, а доколку има промени во состојбата со бројките за тоа ќе го известат Министерството за здравство.

На прашањето дали остануваат да важат истите мерки што досега се применувале, односно изолација на учениците кои имале контакт со позитивен наставник и обратно, министерката истакна дека мерките остануваат исти и ќе се применуваат исти протоколи за заштита  и спречување на ширење на вирусот.

-Ние добиваме извештај на ниво на општини, односно дека на територија на државата имаме десет нови ученици и пет нови наставници позитивни на коронавирусот, што укажува дека нема тенденција на интензивно заразување во некое училиште и дека бројките се навистина ниски на ниво на образовниот систем и се надеваме дека ќе останат и во наредниот период, посочи Царовска.

Таа додаде дека хибридниот модел на настава досега покажа одлични резултати, обезбедувајќи  континуитет на наставата и притоа го заштити здравјето на учениците и наставниците.

На прашањето како ќе се одвива полагањето на матурата, Царовска истакна дека протоколите што ќе бидат спроведени на денот на матурата ќе бидат усогласени со Комисијата за заразни болести и Матурскиот одбор.

-Во моментов тие се подготвуваат за целата таа операција, што секако се одвива на помал број на ученици од оние што треба да го пополнат училиштето од прва до четврта година. Сите простории во училиштата ќе бидат ставени на располагање за матурата и сигурна сум дека заедно со Комисијата ќе утврдат соодветен протокол што нема да го донесе во ризик здравјето на учениците, посочи министерката.

Царовска истакна дека не се откажа од ставот да се полага матура, поради тоа што доколку матурата беше укината оваа година, учениците од прва, втора и трета година од средното образование ќе ги имаат истите барања, а целиот процес на воведување на матура е тежок и значаен за образованието во државата.

-Морам да истакнам дека оваа концепција за основно образование, што е дел од националната стратегија за развој на образование и од Законот за основно образование никако не е поврзана со надворешните политички прашања на нашата држава. Изместување на фокусот на тоа што значи нов квалитет во образование, некој сакаше со лажна вест  да направи слика дека се укинува историја. Ние бевме во период на консултација со директори, наставници и свесно и јавно достапна ја оставивме Јутјуб презентацијата, на која кажавме дека ништо не се укинува, напротив се воведува интеграција што е добро познат концепт во светот, а се спроведува и во нашите јавни и приватни училишта. Но, со тој обид мислам дека јавноста ја залепи концепцијата со едно надворешно политичко прашање, што е целосна невистина и неколку пати демантиравме, а на тоа се надоврзаа и други дискусии на групи заинтересирани заради поместување на комфорот. Секоја промена што е суштинска, секоја промена што треба да предизвика подобри резултати, секако не очекувам да биде пречекана со широки раце од луѓето кои треба да ја претрпат таа промена, истакна Царовска на прашањето дали воведувањето на новата концепција за основно образование е поврзан со надворешните политички прашања со Бугарија.

Во однос на тоа како ќе се одвива обуката на наставниците за новиот концепт на образование, министерката истакна дека искусни обучувачи во соработка со искусни наставници ќе имаат обука со која ќе го пренесат новиот концепт на образование. Сега обука ќе имаат околу 3.000 наставници од прво до четврто одделение, додека за наредните одделенија обуката ќе биде спроведена во текот на следната учебна година.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ