• Latest

Царовска: Има можности за санкционирање за непочитување на одлуките на владата

October 3, 2020
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени

May 31, 2025

ЕУ: Законот за странски агенти ја оддалечува Грузија од европскиот пат

May 31, 2025
Фотографија: СДСМ

СДСМ на првата од низа прес конференции за трагедијата во Кочани: Прв заштитен од Коцевски и Мицкоски за Кочани е Дејан Салтировски

May 31, 2025
Стево Пендаровски, поранешен претседател на Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски за Дојче Веле: Владата нема намера да оди кон ЕУ

May 31, 2025
Суми, Украина, 13 април 2025 (фото извор: објава од украинската амбасадорка Дир)

Наредена задолжителна евакуација на 11 погранични села во Сумскиот регион

May 31, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

ОЈО: Данела Арсовска како службено лице да ги посочи парцелите за коишто се сомнева дека има незаконитости

May 31, 2025

Турските власти издадоа налози за апсење на 47 опозициски функционери, досега приведени 28

May 31, 2025
Фото: Скриншот од видео на официјалниот канал на White House

Трамп најави двојно зголемување на царините за увоз на челик, од 25 на 50 отсто

May 31, 2025
Ивон Величковски, 26 јуни 2024/ фото: Ариан Мехмети- ЦИВИЛ

Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

May 31, 2025
Фото: Архива

Јаглеродните траги од израелската војна врз Газа го надминува оној на цели земји

May 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Царовска: Има можности за санкционирање за непочитување на одлуките на владата

October 3, 2020 12:37
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска, во врска со најавите за бојкот на наставата рече дека во моментов нема целосен бојкот во ниту едно училиште, туку само одделни ученици ја бојкотираат наставата.

https://www.facebook.com/359477174168894/videos/2598584863769548

– Во моментов нема целосен бојкот во ниту едно училиште, тоа се поедини ученици кои јас сум сигурна, следејќи го трендот на пријавување и среќата кај учениците која се јавува и покрај онлајн наставата, дека ќе се приклучат на наставата. Поминаа само два дена, тоа се два дена со класни часови, каде што учениците се прилагодуваат, секоја нова одлука или менување на начинот на живеење е тежок, јас сум сигурна дека сите полека ќе се прилагодат, рече Царовска.

Таа истакна дека сепак доколку се појават недостатоци во учењето, како Министерство, заедно со Бирото за развој на образованието, имаат обврска за надополнување на тоа учење.

– Дали ќе одлучиме за летниот период да имаат некои часови, дали ќе одлучиме во наредната година да имаме надополнување на часовите кај оние ученици кои ќе се јави недостиг на знаење, ќе се договориме заедно со Бирото. Сега е важно да оди учебната година на начин на кој што е поставен и со проценките на наставниците и директорите да видиме дали имаме потреба од дополнителна настава некаде, затоа што е важно учениците во континуитет да се стекнуваат со знаење, потенцира Царовска.

Во однос на најавата на директорот на едно средно училиште во Дебар дека ќе организира настава со физичко присуство иако не доби одобрение за тоа и дали има начини за санкционирање за оние кои нема да ги почитуваат одлуките, Царовска вели дека можности за санкционирање согласно законот постојат. Таа изјави дека Гимназијата „28 Ноември“ од Дебар нема да почне со настава со физичко присуство и ќе ја почитува одлуката на Комисијата за заразни болести за одржување на онлајн настава, откако вчера директорот Рамадан Имери најави дека од понеделникот ќе почнат со физичка настава.

– Секако можности за санкционирање постојат согласно законот. Одлуките на Владата се јасни и тие мора да се почитуваат затоа што се во интерес на јавното здравје на населението. Јас разговарав со градоначалникот, тоа е поедин став на директорот, градоначалникот потврдува дека прием на ученици со физичко присуство во таа гимназија нема да се случи, туку дека ќе се почитува одлуката на Владата, децидна е Царовска.

И Министерството за здравство утрово апелираше дека најавите за бојкот на онлајн наставата и непочитување на протоколите е недозволиво и го отежнуваат целокупниот процес на справување со корона кризата.

– Сите одлуки кои ги носи комисијата се интерес на заштита на здравјето на учениците, наставниците и родителите. Доследното почитување на мерките и протоколите во сите сфери, вклучително и образованието, може да придонесе состојбата со епидемијата што поскоро да се стабилизира. Стабилна епидемиолошка состојба ќе овозможи да се зголеми бројката на деца кои би ја следеле наставата со физичко присуство. Апелираме на максимална сериозност и соработка од сите граѓани, пред нас е период во кој сите мора да бидат максимално внимателни, порачуваат од Министерството.

Здравствените и образовните власти во земјава апелираат училиштата и учениците да ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести и одлуката на владината комисија за начинот на одржување на наставата, откако беа најавени бојкоти на онлајн наставата низ земјава.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Путин и Си ја гледаа парадата по повод Денот на победата во Москва. Фото: Скриншот од видео на WSJ News

    Си Џинпинг: Русија е наш вазал отсега па натаму

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Илон Маск ја напушта Белата куќа

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Меџити најави кривична за „инспектор“ Данела Арсовска: Ова е последен обид на Али Ахмети за дестабилизација преку општините

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ