Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска изјави дека Комисијата за заразни болести утрово одржала состанок за барањата на Кризниот штаб на Општина Тетово, за учебната година таму да започне со онлајн настава наместо со физичко присуство на учениците.
Во координација сме со градоначалничката на Општина Тетово и ние и Министерството за здравство Во моментов е тоа, дека се разгледуваат нивните барања и се разговара на Комисијата за заразни болести,Затоа мислам дека се останато би било шпекулација. рече Царовска по посетата на Основното училиште „Дане Крапчев“ во скопската општина Гази Баба.
Тетовската градоначалничка Теута Арифи вчера на прес-конференција побара во тетовскиот регион првите три недели од новата учебна година да бидат онлајн, а потоа учениците да почнат да одат во училиштата. Причината е поради високите бројки на заболени од Ковид во Тетово, а барањето е испратено до Кризниот штаб на Владата, Министерството за образование и Комисијата за заразни болести.
Ние како штаб за Тетово ќе ги контролираме дали имаат барем една доза вакцина вработените. Тие што не се вакцинирани во училишта ќе бидат обврзани секои 72 часа да донесат доказ за негативен тест и да продолжат да работат. Мислам дека мора да повикуваме на вакцинација и малку да наложиме. Ние како локални авторитети ќе го спроведеме, поради здравјето на сите. Свесни сме дека некој поради здравствени причини не може да прими вакцина, ама тоа може да се аргументира пред училиштето. Како што се прави тестирање за шетање, така и за школо ќе се прави, изјави вчера Арифи.












