• Latest

Царовска: Компаниите се подготвени да ги отворат своите врати за пракса на средношколците

March 9, 2021
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Компаниите се подготвени да ги отворат своите врати за пракса на средношколците

March 9, 2021 12:36
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Дури 85 проценти од компаниите изразуваат подготвеност да ги отворат своите врати за пракса на ученици од средните стручни училишта, со што би помогнале во подготовка на нивниот иден кадар, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска по средбата во Општина Илинден како дел од проектот „Учи паметно, работи стручно“.

– Овие средби коишто во изминатиот период месец и пол ќе ги работиме заедно со општините, со Стопанската комора и со училиштата се навистина значајни.  Кога го започнавме овој караван и низа на средби на кои што се одвива социјален дијалог за запишување на ученици во средни стручни училишта, започнавме со едно истражување во коешто се испитаа 400 компании во територијата на нашата држава и 85 проценти од нив кажаа дека можат да ги отворат вратите за ученици од средните стручни училишта затоа што компаниите ја препознаваат самата потреба праксата да се одвива директно во компаниите а со тоа да помогнат во при подготовка на нивниот иден кадар и да помогнат во образовниот процес за тој да биде поквалитетен, истакна Царовска.

Таа информира дека ова е последната средба од овој караван и истакна дека преминуваат кон подготовка на конкурс за упис во средните училишта, што ќе биде објавен на 31 март. Министерката потенцира дека оваа иницијатива ја прават заедно со компаниите и со општините за да можат уписната политика да ја прилагодат на потребите, а тоа, според неа, укажува дека „ќе запишеме профили или ќе отвориме профили за запишување што се појавиле како потреба од страна на коммпаниите“.

– И ова првпат го правиме на овој начин, наместо по инерција да распишуваме повик за запишување на ученици согласно некои претходни искуства. На овој начин ќе видиме кој ќе биде ефектот по запишувањето, но значајно е дека Министерството ќе понуди и стипендии токму за профилите кои се појавуваат како потребни на централно и локално ниво и со тоа сметаме дека дополнително ќе стимулираме. Друго е дека општините заедно со училиштата и компаниите во следна фаза, во април ќе треба да прават презентација на дуалните паралелки или оние кои ќе се отворат во соработка со компаниите за да може и учениците и родителите да видат каква е работната средина, што значи тој профил на кој ќе се запишат и за да стекнат доверба едни во други, затоа што тоа е единствениот начин на кој може да пркажеме дека средното стручно образвание нуди и поплатени работни места. Јас сум сигурна дека секој напор дава резултати, па и овој исто така, истакна Царовска.

Според неа, значајно е дека низ средбите во рамки на проектот „Учи паметно, работи стручно“ се потврдило дека она што го покажало и истражувањето.

– Најголем дел од компаниите, речиси во секој град по една комнанија, се одзва и е подготвена да отвори дуална паралелка или да ги отвори вратите за феријална пракса. На истиот начин продолжуваме и понатаму да ги креираме програмите за наредната учебна година за средните стручни училишта заедно со компаниите. Онаму каде што има потреба од подобрување или усогласување на работниот процес во компанијата, Центарот за стручно образование да ги препознае тие потреби со измени во програмите и заеднички да успееме да имаме што поподготвени ученици, од кои дел ќе продолжат во високо образование, а дел директно ќе бидат вработливи на пазарот на труд. На тој начин ја сервисираме потребата од стручен кадар во нашата држава којшто во изминатите години се покажа дека има недостаток. Учекувам дека сите засегнати страни во наредниот период интензивно ќе ја следат оваа постапка, како ќе се објави конкурсот и начинот на којшто ќе успееме да привлечеме повеќе ученици во средното стручно образование од минатите години, изјави Царовска.
Наташа Јаневска од Стопанската комора на Македонија истакна дека нивните анализи покажуваат дека 63 проценти од компаниите се соочуваат со недостиг на стручен кадар, којшто веднаш би влегол во работните процеси, но најчесто како проблем ја сметаат уписната политика и неусогласеноста на потребите од квалификации и од она што се нуди низ призмата на образованието.

Оваа кампања е многу важна затоа што има еден отворен дијалог каде што секој ги кажува своите потреби, но од друга страна се разбрани истите потреби и можат заеднички со таков дијалог да се изнајдат решенија и да се излезе во пресрет на потребите на компаниите. Придобивките се многу големи од целата оваа кампања. Прво, што ќе се креира една релевантна уписна политика којашто ќе ги следи потребите на компаниите на локално и на регионално ниво, затоа што веќе имаме 80 проценти од невработените кои што се долгорочно невработени токму заради недостатокот на вештини и несоодветноста на она што се бара на пазарот на труд. Потоа, имаме процес на модернизирање на стручното образование токму поради тоа што преку ваков дијалог ќе се креираат определени квалификации, нови атрактивни квалификации релевантни на сегашноста, а тоа ќе претставува можност учениците повеќе да се запиѓуваат во средните стручни училишта, истакна Јаневска.

Според неа, следна е реализацијата на практичната обука која е многу важна за компаниите, бидејќи тие се свесви дека сами мораат да го обликуваат стручниот кадар којшто подоцна ќе можат да го вработуваат.

– И најважно е зајакнувањето на социјалниот дијалог кој што треба да продолжи и понатаму, каде што компаниите, реалниот сектор ги искажува своите потреби, но образовните институции се отворени за таа поддршка да им помогнат во реализирањето на нивните потреби. Тоа им овозможува на компаниите веќе да ги предвидуваат своите идни вработувања затоа што на тој начин тие знаат дека веќе имаат способен кадар кои ќе можат веднаш да го вработуваат, рече таа.

Јаневска истакна дека најважно од се е да се зголеми и буџетот за образованието од 3,5 на 5 проценти за, како што рече, да се доближиме до европскиот буџет, односно процентот кој го предвидува ОЕЦД.
Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, потенцира дека оваа иницијативе е целосно комплементарна со напорите на Дирекцијата и Владата за зајакнување не само на вештините и продуктивноста коешто на крајот да резултира со засилен интензитет на раст на платите, не само на рабониците кои се ангажирани кај странските инвеститорим, туку генерално во ниво на целата нашата држава.

– Започнавме со посебни истражувања и анализи. Веќе преговараме и воведуваме дел од мерките коишто беа предвидени за поттикнувње за раст на платите кај странските инвеститори. Планирано е МОН да биде вјклучена активно во една посебна програма за развој на вештини која што е превидена да биде наменета за лучето кои што се веќе ангажирани во самите компании. Ова на крајот на денот треба да донесе не само зајакнати вештини, поголема продуктивност, туку треба да резултира и со раст на платите. Дуалното образование треба да донесе и поквалитетни работници и кадар којшто ќе биде ангажиран во компаниите. Неодамна објавивнме дека над седум и пол илјади работни места се и ќе бидат на располагање наредниот период во компаниите кои работат во технолошко индустриските развојни зони, рече тој.
Градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски смета дека за подигнување на нормите, вредностите, квалитетот на образованието и образовниот систем секогаш се потребни соработки меѓу Министерството за образование, бизнис секторот и локалната самоуправа.

Тој истакна дека општините се тие кои што имаат обврска да обезбедат поквалитетни услови за учениците и за наставниците и дека е потребно е да се наградат и најдобрите меѓу нив.

– Општина Илинден е вклучена во овој процес со потпишување на меморандуми во средното образование со повеќе компании во нашата Општина, каде што меѓусебните обврски се во делот на практичната настава, односно учениците од нашето Средното техничко училиште одат на практична настава кај компаниите, а исто така менаџерскиот тим од компаниите доаѓаат во училиштето каде што директно врши предавање и обуки на учениците, рече Стојановски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    240 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ