• Latest

Царовска: Младите преку градење пријателства го придвижуваат Западен Балкан кон европското семејство

July 1, 2021
Трамп и Путин на Аљаска. Фото: Скриншот

Русија се повлекува од договорот со САД за отстранување на плутониумот доволен за илјадници нуклеарни боеви глави

October 28, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Младите преку градење пријателства го придвижуваат Западен Балкан кон европското семејство

July 1, 2021 12:11
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

„Поврзувањето на младите од регионот создава синергија која го забрзува процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Затоа, како претставници на институциите на системот треба да им помогнеме што повеќе меѓусебно да комуницираат, да воспоставуваат пријателства, да градат партнерства и да разменуваат позитивни практики и искуства, бидејќи тоа значи придонес во јакнењето за регионот и негова поголема конкурентност во глобални размери“, истакна министерката за образование и наука, Мила Царовска, во своето обраќање на форумот посветен на младите и нивната способност да ги придвижуваат општествата напред, кој денес се одржува во Отешево, Преспа.

„Една од вредностите на кои ги учиме младите во нашата земја, а која особено доаѓа до израз во последните неколку години кога постигнавме значајни успеси на домашен и меѓународен план е дека само преку активизам и нивно единство во границите на својата земја, но и преку градење на пријателства и партнерства со младите од соседството, од регионот и воопшто светот,  можат да ги постигнуваат личните цели и постојано да поставуваат уште повисоки, а со тоа и да помагаат на државата да оди напред“, рече Царовска, нагласувајќи дека според нејзиното неколкугодишно искуство од работата со млади, видливи се промените во начинот на размислување и однесување кај нив и дека тие сé повеќе сакаат да соработуваат со врсници од други земји.

„Младите знаат дека преку личен активизам и преку ширење на контакти и комуникации, побрзо се напредува и се остваруваат личните цели. Затоа, ние возрасните да им помогнеме преку сите начини, канали, средства и алатки кои ни се на располагање, повеќе и побрзо меѓусебно да се конектираат. Така ќе придонесеме и побрзо да созреат, да станат достојни за преземање на улогите кои ние сега ги извршуваме и да ги надминат позитивните резултати и успеси кои ги постигнавме“, потенцираше министерката.

Младинскиот форум на кој покрај министерката Царовска, учествуваа и амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, ЕУ амбасадорот Дејвид Гир, министерката за образование на Р. Албанија Евис Куши, пратеникот Дарко Каевски, поранешниот министер за образование и пратеник Арбер Адеми и други претставници е дел од неколкудневниот настан „Преспа Форум Дијалог“ што од вчера се одржува од Охридско – Преспанскиот Регион во организација на македонското Министерство за надворешни работи.

Идејата на „Преспа форум дијалог“ е продлабочување на соработката и размена на позитивни практики и искуства помеѓу земјите од Западен Балкан во повеќе области, вклучително и преку младинскиот активизам, а со цел јакнење на регионот и негова целосна интеграција во европското семејство.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ