• Latest

Царовска: МОН инвестира насекаде за еднаков пристап до образование на секое дете

December 14, 2021

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: МОН инвестира насекаде за еднаков пристап до образование на секое дете

December 14, 2021 12:59
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалникот Еркан Арифи денеска, го посетија ОУ „Дитурија“ во општина Липково и извршија увид во реконструкцијата на објектот на училишната зграда, финансиран од Министерството за образование и наука.

-Министерството продолжува да вложува во сите училишта, во сите општини за да се обезбеди квалитетно образование за сите ученици, рече министерката по извршениот увид. МОН за реконструкција на енергетски ефикасна фасада и внатрешна санација на објектот на најкритичните делови за ОУ „Дитурија“ одвои 9, 5 милиони денари.

– Паралелно со подобрување на инфраструктурата на училиштата, работиме и на подобрување на програмите. Продискутирав со наставниците од прво и четврто одделение и со директорот дали се задоволни од програмите, како се реализираат програмите. Видовме дека процесот на дигитализација и во ова училиште се одвива непречено, дека учениците имаат пристап и до уреди и до дигитална табла, што ни кажува дека навистина процесот на трансформација и дигитализација на основното образование се случува подеднакво во сите општини на целата територија на нашата држава-изјави Царовска.

Таа најави дека министерството и понатаму ќе продолжи да инвестира во трите столба за квалитетно образование: подобрување на инфраструктура, добри програми и обука на наставниот кадар. Министерката потсети дека наставниците летово поминале интензивна обука за имплементација на новата програма и оти ќе продолжи со поддршка во наредниот период.

– Сè со цел да постигнеме подобри резултати кај нашите ученици на меѓународни тестирања и од друга страна да создаваме капацитети, на луѓе, граѓани кои понатаму ќе ја водат оваа држава кон развиена која ќе може да ги следи европските стандарди кон коишто сите се стремиме, кажа министерката.

Градоначалникот на Липково, Еркан Арифи се заблагодари на Министерството за вложувањето во објектот и потсети дека претходно со поддршка на Агенцијата за млади и спорт изградено е и игралиште. Со реконструираната фасада, Арифи очекува заштеда на енергија и поквалитетни услови за изведување на наставата.

– Сега имаме најсовремени услови за изведување на наставата, изјави градоначалникот Арифи

Во ОУ „Дитурија“ во Липково, настава следат 260 ученици од прво до деветто одделение.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ