Министерката за образование и наука Мила Царовска во општина Илинден ќе учествува на консултативна средба со претставници од компаниите, локалната самоуправа и средните стручни училишта.
Средбата во Илинден е дел од процесот „Учи паметно, работи стручно“, чија основна цел е да се идентификува потребата од отворање одредени профили и паралелки во средните стручни училишта во градовите низ државата, од идната година.