• Latest

Царовска: Наставата од септември зависно од епидемиолошката состојба

May 14, 2021

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Наставата од септември зависно од епидемиолошката состојба

May 14, 2021 14:52
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Оваа година избраниот хибриден модел на наставата даде одлични резултати, без застој во образованието, а притоа се заштити здравјето на учениците и наставниците како и колективното здравје. Тоа покажа дека образовниот систем може да се справува со вакви потреси. Тоа денеска до Охрид го посочи министерката за образование и наука Мила Царовска која беше во посета на средните стручни училишта во градот.

Царовска истакна дека моментално фокус на Министерството за образование и наука е вакцинација на наставниот кадар. Покрај учителите од прво до трето одделение, имунизацијата продолжува со прва вакцина за преостанатите наставници и професори, како и на одговорните лица за спроведување на матурата. Според неа, предвидена е одредена динамика на вакцинирање на наставниот кадар група по група, а преостанува после спроведувањето на матурата да се утврди начинот како ќе се одвива учебната година од септември.

-Моја заложба и на Владата е училиштата повторно да бидат полни со ученици, тоа би сакала уште утре да се случи. Но, значајно е епидемиолошката состојба да се процени и да се почитува стручното мислење на Комисијата за заразни болести. Во моментот кога ќе има официјален став истиот ќе биде изнесен пред јавноста, рече таа.

Во  врска со начинот како се спроведуваше наставата оваа учебна година, како и за проектот за дигитализација на учебници, Царовска посочи дека образовен систем демонстрирал способност за адаптација.

-Имавме успешна учебна година спроведена со онлајн-алатки. Кога зборуваме за дигитализација на учебници не зборуваме за онлајн-настава. Онлајн-наставата ја наметна ситуацијата, затоа што така моравме. Во училница не станува збор за дигитализација на однос ученик – наставник, туку се воведува дигитален учебник што не служи за предавање на час. Часовите се одвиваат со директна интеракција, за учењето да биде соодветно на нови стандарди. Прво и четврто одделение ќе стартуваат по нова концепција, која главно во фокусот го има ученикот и интеракцијата односно учење преку истражување и проекти, а не фактографско помнење кое што денеска ни ги покажува негативностите, истакна таа.

Она што таа го нагласи како потреба е вклученост и на сите, вклучувајќи ги и медиумите и опозицијата, да покажат грижа за ученикот.

-Интересот на ученикот до денеска не е дискутиран, дури и да има потреба од дополнителни кадровски решенија, од повеќе инвестиции, не треба да се плашиме од тоа. Единствен фокус на целата политика треба да биде во образованието, од кое зависи иднината на државата, директно од она колку денеска ќе вложиме ресурси, знаење, посветеност, но и грижа единствено за интересот на ученикот. Учениците имаат еднаков потенцијал, ние одлучуваме колкав ќе биде нивниот потенцијал преку вложувањето во образование. Триесет години сме инвестирале во непотребни работи, од несуштинско значење, а не во училиштата. Како Министерство и Влада покажавме дека фокусот ни е образование, инфраструктурно вложуваме во дигитализација и опремување на образовните центри за по пет години од денеска да имаме воедначен стандард во сите училишта. Тоа не е луксуз туку основни капацитети и потенцијали на училиштата, за да можеме да очекуваме максимални резултати од учениците, рече министерката за образование.

Во врска со за утре закажаниот протест на здруженија на родители против најавената дигитализација на дел од учебниците, Царовска посочи дека од она што таа го знае е дека барањата се воглавно насочени на враќање на предметот етика на религии, за која нагласи дека е изборен предмет, но и за исклучување од  наставата на родово сензитивно образование. Родовата рамноправност, истакна таа, е дел од законските решенија преку Законот за недискриминација изгласан од сите пратеници во Собранието, како и уставно гарантирано право зад кое, како што рече, стои и државата со ратификуваните меѓународни конвенции.

-Државата има ратификувано многу меѓународни конвенции за родова рамноправност. Други барања специфични немаше, затоа што да има учебници, да има настава. Настава има, учебници има, настава ќе има, учебници ќе има што значи дека барањата се остварени, посочи Царовска.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ