• Latest

Царовска: Првпат сме фокусирани на квалитетни учебници

April 20, 2021
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Најмалку 50 загинати во ноќешните израелски напади врз Појасот Газа

October 29, 2025
Фото: МИА

Полски МиГ-ови пресретнаа руски извидувачки авион

October 29, 2025
Фото: Ангел Ангеловски

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово

October 29, 2025
Фото/ Wikimedia commons

Евробарометар: Повеќе од половина Европејци поддржуваат проширување на Европската Унија

October 29, 2025

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Првпат сме фокусирани на квалитетни учебници

April 20, 2021 12:24
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

„Дигиталните учебници ќе се воведуваат сукцесивно, наредната учебна година само во четврто одделение, сите останати одделенија продолжуваат како досега. Законот за учебници нуди комбиниран модел на употреба, и на печатени и на дигитални учебници. Првпат ќе се види што значат тие за олеснување на работата и на наставниците, и на учениците“, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

„Моделот што го нудиме е комбиниран, секој ќе може да избере на кој начин ќе учи. Ќе се види бенефитот на дигиталниот учебник, тоа не е учебникот што до вчера го имавме со милијарда факти внатре и само напишан и ставен во ПДФ. Концептот на учење е таму да има примери, насочувања кон истражувања. Секој родител кој смета дека нема да може неговото дете да учи електронски ќе може да си го испечати учебникот и нема да има проблем училиштето – таму каде што има недостиг на финансии во семејството, а таму ќе треба да се обезбедат и електронски уреди од страна на училиштето“, рече Царовска.

Според неа, најважно е што првпат се зборува за квалитет зашто учебниците ќе немаат пропусти и несоодветни содржини на неквалитетни учебници кои, како што рече, „ги уништуваа нашите деца и со кои поминаа генерации“, пренесува МИА.

„Ако до вчера дискутиравме на тема за учебници за криминал, корупција и ексклузивни договори, среќна сум што денеска дискутираме и се фокусираме на квалитетот на учебниците. Со овој закон за учебници првпат поставуваме филтри кои треба да обезбедат квалитет, преку комисии составени од наставници од соодветниот предмет, претставници од високото образование и претставници кои имаат повеќе од десет години работно искуство за превенција од дискриминација и почитување на човекови права, за да станат минато оние учебници во кои имаше дискриминација врз основа на етничка припадност, врз жените, уништување на граѓанскиот концепт во државата и претставување на власта како доминантна моќ…“, изјави Царовска по посетата на ОУ „25 Мај“ во Гази Баба.

Комбиниран модел на користење учебници, рече, се применува во Естонија, Словенија и Хрватска и тие земји се меѓу најдобрите на меѓународното тестирање ПИСА.

Во однос на здравствениот аспект и поминувањето дополнително време на децата пред компјутер, Царовска одговори дека тие и сега поминуваат непродуктивно време на социјалните мрежи и видеоигри на ИТ-уредите, без едукативни содржини и можности за истражување. Сега нивното внимание се насочува на продуктивно користење на уредите, нема да имаат само еден учебник, туку различни извори на учење, а дигиталните алатки ќе влијаат стимулирачки и со нив ќе ги стекнат потребните вештини што ќе им користат да се справуваат со предизвиците на дигиталниот свет по 20 години.

Свесна е, рече, за социјалната слика во земјава и дека повеќе од 1300 ученици дома немаат електрична енергија и затоа и во Законот за учебници се пресретнати сите потреби кои може да се појават и согласно можностите на нивните семејства тие ќе бидат сервисирани.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ