• Latest

Царовска: Со новиот закон за наставници и стручни соработници ја гарантираме сигурноста на работните места

April 23, 2021

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Со новиот закон за наставници и стручни соработници ја гарантираме сигурноста на работните места

April 23, 2021 15:40
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Нашите наставници подолго време апелираа дека се неопходни драстични промени во воспитно – образовниот систем што ќе ја подобрат наставата, но и ќе ја подигнат мотивацијата за работа. Конечно се задоволни затоа што тие промени се случуваат преку еден плански и заеднички пристап на институциите на системот со сите засегнати страни. Согласно тековните активности и најавените новини од септември, нивните очекувања се со стартот на новата учебна година сликата во училиштата да почне значително да се менува.

Ова е заклучокот од денешната средба на министерката за образование и наука Мила Царовска и претставници на Сојузот на просветните работници, на која фокус биле измените на Законот за наставници и стручни соработници, но и воопшто реформите со кои се соочува националниот образовен систем особено во делот на основното образование.

Претставниците на Сојузот, како што соопштија од МОН, изразиле задоволство што конечно со нови законски одредби се намалуваат грижите на наставниците поврзани со сигурноста на работното место и што ќе можат да се фокусираат исклучиво на креативна реализација на наставата.

– Повеќе нема да има вработувања на определено време, туку само на неопределено, а ќе се трансформира и работниот однос на оние кои во моментов на стапување во сила на законските измени се ангажирани со договори на одреден период, доколку истите ги исполнуваат законските услови. Велат дека е особено важно што се дефинираат компонентите на платата на наставниците и стручните соработници и што училиштата ќе може да исплаќаат додатоци кои во минатото не се исплаќаа, како додаток за одделенско и класно раководство, додаток за работа во ридско – планинско подрачје и слично. Според нив, праведно е и што со порастот на минималната плата, ќе расте и нивната, се наведува во соопштението од МОН.

Можностите за кариерен напредок, се наведува во соопштението, дел од нивите членови веќе ги искористиле, односно аплицирале на повикот кој МОН го објави пред извесен период и се во постапка за напредување во звање, за што се добива дополнителен месечен приход.

Министерката Царовска потенцирала дека наставниците се најважната алка во воспитно – образовниот процес и од нив, од нивната креативност и мотивација за работа, најмногу зависи квалитетот на генерациите кои излегуваат од училишните клупи. Оттука произлегуваат и новите законски решенија со кои се подобрува општествениот статус на наставниците и на стручните соработници.

– Без вас наставниците не би можеле да ја спроведеме ниту најдобро напишаната реформа на хартија. Важни сте и мора така и да се чувствувате. Сите знаеме колку задоволството од работата и желбата за работа влијаат на крајниот исход и на резултатот. Во овој случај, крајниот исход е поврзан со иднината на државата, со создавањето на квалитетен кадровски потенцијал. Затоа, како Влада излегуваме во пресрет и ќе продолжиме со позитивните политики кои ве засегаат и обезбедуваат повеќе и подобри можности за секој вработен во училиште, рекла Царовска, стои во соопштението од МОН.

Измените на Законот за наставници и стручни соработници се веќе во собраниска процедура и се очекува да бидат усвоени во следните неколку денови.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ