• Latest

Царовска: Со заедничка соработка и поддршка од ЕУ до иновативни решенија во образованието

December 2, 2020
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Со заедничка соработка и поддршка од ЕУ до иновативни решенија во образованието

December 2, 2020 13:11
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска учествуваше во работа на министерскиот состанок на Платформата за образование и обука, истражување и иновации на земјите од Западен Балкан, во организација на Европската комисија и германското претседателство со Советот на ЕУ, оваа година во виртуелен формат.

Царовска рече дека оваа иницијатива што сега станува реалност, овозможува регионот на Западен Балкан да стане дел од долгорочната стратегија на Европската комисија со што повеќето од предложените мерки и активности ќе бидат проследени со зголемени инвестиции и посилна поддршка од земјите-членки на ЕУ.

Нагласувајќи дека националните приоритети во областа на образованието и обуките се во согласност со приоритетите на Платформата, како што се Зелениот договор, дигитализацијата, создавањето работни места и инклузивноста, Царовска посочи дека главен фокус во следниот период ќе биде подобрувањето на квалитетот на образованието и поддршка да одговори на потребите на пазарот на труд, како и зајакнување на средното стручно образование. Исто така, ќе  се вложува во обуки и кариерен развој на наставниците, во прилагодување и иновирање на системот на обука на наставниците, подобрување на наставните програми и инвестирање во регионалните центри за стручно образование и обука за млади лица како и за преквалификација и доквалификација на возрасни.

„Создавањето нови работни места и зголемување на можностите за вработување останува предизвик заради пандемијата, која за жал е широко распространета во нашата земја и во регионот. Затоа, процесот на континуирани реформи во средното образование, фокусиран на средното стручното образование, ќе продолжи и од голема важност е дополнителното финансирање во овој сектор. Трите регионални центри за стручно образование и обука ќе бидат отворени на почетокот на 2021 година“, рече Царовска.

Подобрувањата во дигитализацијата на образованието и воспоставувањето соработка преку новиот акционен план за дигитално образование (ДЕАП) со балканскиот регион за периодот од 2021 до 2027 година, министерката Царовска ги најави како следни активности. Таа го искажа  интересот за учество во новиот програмски циклус на Еразмус програмата и Европскиот корпус најавувајќи активно учество во процесот на развој на заеднички стандарди и процедури за признавање на академските квалификации и студии во странство.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ