Центар за граѓанска иницијатива го спроведува проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“, кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија на Сојузна Република Германија.
Во рамките на овој проект, во текот на минатата недела се одржаа консултативни средби со граѓани во општините Прилеп, Крушево и Долнени, а планирани се вакви средби уште во седум градови во државата.
На овие настани беа презентирани некои меѓународни, национални или локални најдобри практики за консултација на граѓаните од страна на општините и политичките партии. Примери за подобрување на меѓусекторска соработка (млади, локални самоуправи, медиуми, политички партии).
За одбележување е големиот интерес на граѓаните и нивната вклученост со продуктивни дискусии за можната соработка на граѓаните и институциите.














