• Latest

Центарот за пилотска обука се вмрежува со 30 центри на НАТО во Европа

February 22, 2021
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

July 5, 2025
Протестни блокади Србија, Земун
Фотографија/ Н1

Шести ден од блокадата: Најавени се нови прекини во сообраќајот, „слободна зона“ во центарот на Земун

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Центарот за пилотска обука се вмрежува со 30 центри на НАТО во Европа

February 22, 2021 12:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за обука на пилоти станува дел од НАТО мрежа од повеќе од 30 центри за летачка обука во Европа. Белгија е најновиот сојузник кој се приклучи на иницијативата НАТО летачка обука во Европа (НФТЕ), што во јуни лани ја покренаа единаесет сојузници – македонската министерка и нејзините колеги од Бугарија, Хрватска, Чешка, Грција, Унгарија, Црна Гора, Португалија, Романија, Шпанија и Турција.

„Оваа иницијатива ќе ги зајакне европските пилотски и капацитети за обука и ќе ја намали зависноста на НАТО од американските капацитети за тренинг, со што ќе придонесе и за подоброа поделба на обврските“, рече заменик-генералниот секретар на Алијансата Мирчеа Јоана.

Целта на НФТЕ е да обезбеди доволни капацитети за врвна пилотска обука во Европа, вмрежувајќи повеќе од 30 национални и мултинационални центри за основна, средна и напредна обука на пилоти на хеликоптери, борбени и транспортни авиони и за персонал за далечинско управување на беспилотни летала.

„Ова е висок приоритет, имајќи предвид дека за голем број помали европски сојузници националните потреби не оправдуваат постоење на национални тренинг центри. Како резултат на тоа, сојузниците често праќаат пилоти на обука во САД, што претставува дополнителен товар на американските капацитети“, објаснуваат од седиштето на НАТО.

„Нашиот Центар за обука на пилоти ќе влезе во семејството на НАТО летачката обука во Европа. Освен Северна Македонија, во иницијативата за оваа школа се и Хрватска, Грција, Чешка, Бугарија, Унгарија, Црна Гора, Турција, Португалија, Романија и Шпанија, а од денес ни се придружи и Кралството Белгија за што деновиве ставивме потпис сите министри за одбрана на овие земји. Заедништвото ги јакне можностите!“, објави министерката Радмила Шекеринска, која минатата година најави инвестиции во воздухопловството.

Центарот за обука на пилоти беше отворен во 2011 година со договор на Министерството за одбрана и израелската фирма „Елбит“, вреден 43 милиони евра. Според договорот, министерството требаше на „Елбит“ да му плаќа по 5,3 милиони евра годишно во следните осум години, по што требаше да го преземе Центарот со целокупната инфраструктура, летала и симулатори.

На последниот ден од минатата година се изврши официјално примопредавање меѓу Генералштабот на АРМ и фирмата ЕЛМАК-Елбит системи, со што Центарот стана дел од АРМ, односно Сквадрон за обука и тренажа во воздухопловниот ВИНГ (Воздухопловна извидувачко-напаѓачка група, н.з.).

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ