• Latest
Фото: МИА архива

ЦГК: Просечната активна транспарентност на Владата, министерствата и на општините подобрена за три отсто од лани

July 10, 2023
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦГК: Просечната активна транспарентност на Владата, министерствата и на општините подобрена за три отсто од лани

July 10, 2023 11:21
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2023 година изнесува 76 отсто и во однос на лани е подобрена за три процентни поени (од 73 на 76 отсто), покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), од редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции.

– Својата активна транспарентност годинава ја подобриле 54 отсто од институциите, за разлика од лани кога се подобриле 81 процент од нив. Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 86 отсто, а на општините 74 проценти. За разлика од лани, министерствата се подобриле за нецел процентен поен, а општините за четири. Како и лани и годинава, само две институции, Министерството за одбрана и Владата, имаат по максимални 100 отсто, односно ги објавуваат сите предвидени информации од активната транспарентност, посочуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Две општини, Велес и Гевгелија, се наоѓаат на третата позиција, со високи 99 отсто исполнетост на обврските за објавување информации според активната транспарентност.

Меѓу регионите, на првото место изби Источниот регион (со 83 отсто активна транспарентност), додека на последно место останува Скопскиот регион (со 66 проценти активна транспарентност).

Анализата на Центарот за граѓански комуникации покажува дека најмалку информации и министерствата и општините објавуваат за финансиите (општините само 57 отсто, а министерствата 62 проценти).

-Се влошува состојбата со одговорите на барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беа испратени на сите институции во ист ден и со исто прашање. Општините одговорија во просек за 16 дена (лани за 12 дена), а министерствата одговорија за 19 дена (лани за 16 дена). Само 65 отсто од институциите одговорија во рамките на максималниот законскиот рок од 20 дена (лани тоа го сторија 93 проценти од институциите), соопштуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Tags: владаЦентар за граѓански комуникации
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ