• Latest
Добро утро со Орданоски

„Циганско лето“ – напролет?!

March 5, 2019
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

„Циганско лето“ – напролет?!

March 5, 2019 08:09
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Н[/dropcap]е ја разбирам следнава политичка изборна стратегија: ако си ја избрал Гордана Сиљановска, која со „есенцијата“ на ВМРО-ДПМНЕ личи како што рерна си личи со тостер, за непартиска-надпартиска претседателска кандидатка… За потоа неа да ја „блендираш“ во класичната, „есенцијална“ плукачка вмровска изборна кампања, со „всички екстри“ навреди за противкандидатот на власта… Тогаш за која гласачка структура, всушност, си имал намера да ја понудиш кандидатурата на Сиљановска?!

Професорката Сиљановска би требало со својата кандидатура да го „натфрли“ описот на традиционалниот гласач на ВМРО-ДПМНЕ и да привлече што е можно повеќе гласови од кампот на партиски неопределените или разочараните од власта граѓани на Македонија. Но, со вака поставена изборна кампања, ВМРО-ДПМНЕ не само што нема да се доближи до јавно проектираните намери за освојување половина милион гласови, туку партијата очајнички ќе се бори и за половина од тоа.

Ако беше за вака, и полесно и подобро ќе поминеа со Влатко Ѓорчев.

Освен, се разбира, ако намерата не е изборите да пропаднат, па крајниот резултат, всушност, да не им е ни важен. Туку да им е важна бојкот-парадата со која ќе се зацврсти партиското раководство… Па и така, треба да се верува дека, барем во првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ навистина ќе влезе со изборен ентузијазам, и покрај погрешната стратегија за понудената кандидатка.

А можеби подобра – „вистинска“ – изборна стратегија за сегашното раководство на опозицијата и не постои? Можеби оваа Сиљановска, вака предизборно „врамена“, е точниот опис во време и простор на потребите што ги има сегашната гарнитура на опозицијата?

Тие сакаат да имаат сè, без никаква поднесена жртва или политичка концесија што ќе соодветствува на огромните промени што се случија во меѓувреме. Тие сакаат да го поддржат наследството на Груевски, да „цицаат“ од него и што поскоро да го вратат „политички изгонетиот“ лидер дома; да не се дистанцираат од сторените криминали и злосторства и да не одговараат за нив; да се „отресат“ од Мијалков и да ги сочуваат партиските имоти стекнати со методологијата на Мијалков; да бидат прозападни и да бидат происточни; да го вратат времето назад, да не направат компромис со Грција и да го решат проблемот со името; да ги освојат гласовите на неопределените со водење кампања за тврдокорните; да ја имаат Сиљановска за претседателски кандидат, а Каракамишева да продолжи да ги сака… И Дедо Мраз за Нова Година да им го тргне Заев од власт, а Нобеловата награда за мир да ја добие Мицкоски и да ја сподели за заедничките постигнувања со Орбан. И ако падне снег во април, да биде со вкус на ванила и шумско овошје. И сите да останат вработени на државна плата.

За ваквиот каталог од желби да се оствари, Македонија немаше да има потреба да се вика Северна, туку Поранешна југословенска. И најубаво ќе беше ако може вечно да биде замрзната во она „циганско лето“ на власта на Грујо, некаде до доцната есен 2014 година, пред „бомбашката офанзива“ на струмичкиот Бошко Буха.

Но, бидејќи од тогаш до денес многу вода протече под Камениот мост на Вардар, а ВМРО-ДПМНЕ не сака ништо кај себе да промени, нема на многу што да се надева на овие избори, по своја заслуга. Ќе остане да ги собере „трошките“ од масата од незадоволството од владеењето на Заев и со тоа да биде пресреќна ако може да преживее до наредните парламентарни избори.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

 

Share409Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ