• Latest

ЦИВИЛ: Имавме слободни и безбедни избори, проблемот на ДИК со резултатите фрла огромна сенка врз процесот

July 16, 2020

Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

October 9, 2025
Илустрација: ВИ

СДСМ во Демир Капија, Росоман, Кавадарци и Неготино; ВМРО-ДПМНЕ во Зелениково, Илинден, Центар и Кисела Вода

October 9, 2025

Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ: Имавме слободни и безбедни избори, проблемот на ДИК со резултатите фрла огромна сенка врз процесот

July 16, 2020 16:47
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Општа оценка на изборниот процес, според првичните резултати од обработените извештаи од мониторингот на ЦИВИЛ, е дека имавме уште еден деликатен, но успешен, демократски, слободен и безбеден изборен процес во РСМ. Им честитаме на граѓанките и граѓаните за високата свест и политичка култура, како и за почитувањето на здравствените протоколи, соопшти Џабир Дерала од ЦИВИЛ на денешната прес конференција.

https://www.facebook.com/civil.mk/videos/896989684124467/

Сепак, денот беше исполнет со тензии на повеќе места низ земјата, како и со голем број помали или поголеми пропусти, па и нерегуларности. Денот го одбележа и инцидентот во Тетово, каде што „блиска средба“ имаа советникот на техничкиот министер Наќе Чулев со локалните полицајци. ЦИВИЛ го осудува овој насилнички акт на советникот и очекува брзо решавање на случајот.

Што се однесува до нерегуларностите, ЦИВИЛ во наредните денови, ќе ги објави сите наоди, со име и презиме.

Да не биде овој последен прес на изборниот ден само една пригодна белешка, сепак, ќе наброиме дел од нерегуларностите.

Извикување на името на гласачите по неколку пати, партиски надбљудувачи кои запишуваат и бројат, прашања во стилот „Дали комшиите излегоа да гласаат?“ се само дел од случувањата во скопските општини Чаир, Бутел и Радишани.

Се создадоа турканици, се собираа поголеми групи на партиски активисти на ВМРО-ДПМНЕ пред избирачките места во повеќе делови од Скопје, Штип, Кочани и други места.

Службени лица, поточно, полицајци се јавуваа да пријават кои лица гласале, а кои не.

Избирачките одбори се носеа добро, гледано во целост, но денот го одбележаа низа пропусти во нивната работа, а посебно забележливо беше тоа што во некои случаи ги извикуваа имињата на гласачите, а некои, пак, пред сите присутни во ИМ извикуваа кој број да се заокружи и тоа, во повеќе наврати, бројот 9, односно ДУИ, а во неколку случаи и сугестија да се одбере бројот 14, односно ВМРО-ДПМНЕ.

Мерките за заштита од коронавирусот во принцип беа почитувани, но со бројни помали или поголеми исклучоци.

Избирачкиот список беше проблематичен во околу сто случаи, сепак, далеку од илјадниците на кои бевме сведоци во изборни процеси меѓу 2008 и 2014 година.

Сѐ на сѐ, уште еден солиден изборен процес, далеку од идеален, особено со оглед на околностите со коронавирусот, во кој видовме дека многу лекции сме научиле, но и многу остануваат да се научат.

Во текот на наредните денови, особено откако ќе се надмине скандалозната ситуација со изборните резултати од ДИК, ќе се објават серија извештаи, анализи и препораки на низа суштински важни теми, како што се политичкото финансирање, говорот на омразата, лажните вести и дезинформации, како и изборната администрација, Изборниот законик и изборниот систем.

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ