• Latest

ЦИВИЛ ја актуелизира Иницијативата за укинување на сите привилегии на функционерите

April 3, 2020
Изгорениte остатоци од возило во кое се наоѓале новинарката на „Слобода ТВ“, Олена Храмова, и снимателот Јевген Кармазин, кои беа убиени во руски напад со дронови врз Краматорск на 23 октомври. Фото: Гувернер на Донецката област, Вадим Филашкин/Телеграм

Двајца украински телевизиски новинари убиени во руски напад со беспилотно летало врз Краматорск

October 23, 2025
CCTV камерите го снимија моментот на експлозијата во Копејск во близина на Чељабинск, Фото: Астра/Телеграм

Масивни напади на украински дронови на руска територија: Пожар во рафинеријата во Рјазан, прекин на електричната енергија во Белгород,10 мртви во експлозија во фабрика за муниција во Урал

October 23, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп сфати дека разговорите со Путин „не водат никаде“, САД објавија нови санкции за двете најголеми руски нафтени компании

October 23, 2025
Скриншот од видео на TVPWorld

Поранешен српски милитант обвинет за воени злосторства во Хрватска уапсен на аеродромот во Варшава

October 23, 2025

Орданоски: Време е новата генерација да ја заштити демократијата од национализам, туѓи агенди и политички елити

October 23, 2025

Фактор на кој (не) се смета: Излезноста на Албанците на локалните избори

October 23, 2025

Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Комбинаторики и договарања меѓу кандидатит и партиите за вториот круг; експлицитен и понижувачки говор на омраза кон Ромите; руското влијание врз локалните избори

October 22, 2025
Фото: Амбасадорката на Украина, Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Руското гранатирање на Кијивската област одзеде живот на бебе, 12 годишнo дете и мајка – некој молчи, а некој се придружува на богослужбите на РПЦ

October 22, 2025
Џабир Дерала, Меѓународна конференција за демократија и човекови права, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски)

Колумна на Дерала од ЦИВИЛ во престижниот Voxeurop: Единството на Босна под закана од хибридната дестабилизација на „српскиот свет“

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ЦИВИЛ ја актуелизира Иницијативата за укинување на сите привилегии на функционерите

April 3, 2020 21:48
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пандемијата на КОВИД-19 во светот предизвика сериозни импликации врз светската економија, а штетите допрва ќе се утврдуваат. Владата донесе сет економски мерки за ублажување на последиците по економијата. Една од мерките се однесува и на платите во администрацијата.

Во контекст на економските мерки според кои функционерите, именувани и избрани ќе добиваат минимален личен доход додека трае здравствената криза, сега е погоден момент да се потсетат јавноста и носителите на одлуки, на Иницијативата на ЦИВИЛ за укинување на привилегиите на функционерите. Организацијата говори против привилегиите со години наназад, со низа сериозни предлози доставени до сега веќе распуштеното Собрание на Република Северна Македонија. Добро е да се потсетиме дека Иницијативата остана без одговор од Собранието.

Веднаш по претседателските избори во 2019 година, поттикнати од јавното обелоденување на привилегиите кои Ѓорѓе Иванов ќе ги ужива како поранешен претседател на државата, ЦИВИЛ излезе со соопштение за тоа дека е крајно време да се стави крај на расипништвото.

Привилегиите на Иванов беа само тригер за тоа што ЦИВИЛ со години наназад го истакнува во јавноста – дека привилегиите се огромни и неоправдани. Факт е дека огромни суми наши пари, од касата на државниот буџет, се трошат на привилегиите на поранешни и сегашни функционери.

Соопштението доби огромна поддршка од јавноста, за потоа да се формулира и промовира и Иницијативата на ЦИВИЛ со наслов #КрајЗаРасипништвото, на 14 мај 2019 година.

Три дена подоцна, на 17 мај, во пет минути до 12 часот, во присуство на голем број медиуми, активистки и активисти, ЦИВИЛ и официјално ги достави барањата до Собранието на Република Северна Македонија.

„Милиони евра чинат апанажите, пензиите и другите привилегии и придобивки што ги имаат поранешни, но и сегашни функционери. Едноставно тоа мора да престане веднаш!“ – изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ пред службениот влез во Собранието, по повод предавањето на текстот на Иницијативата до институцијата.

„Ние денеска ќе доставиме барање, кое во јавноста одекна многу силно, а се однесува на привилегиите и бенефициите како на актуелните, така и на поранешните функционери, како на оние што се избрани, така и на оние кои што се именувани. И ќе очекуваме реакција од парламентарците. Во овој дом се направени тие проблеми, во овој дом се изградени тие системи за црпење на ресурсите на граѓанките и граѓаните и во овој дом, очекуваме, или поточно, категорично бараме тие неправди да се исправат!“ – изјави Дерала, соопштувајќи го ставот на организацијата.

„Можеби некој ќе помисли дека повод за ова наше обраќање пред Законодавниот дом е она што претпоставува пензија на поранешниот претседател на Република Северна Македонија. Да, можеби тоа беше повод, но секако веќе одамна, многу одамна, зборуваме за тоа дека привилегиите, бенефициите и расипништвото на било кое ниво во државата мора да престане. Тоа подразбира дека овој Законодавен дом треба да ги ревидира законските одредби кои ним им даваат огромни бенефиции и исто така, да укине голем дел од нив и се разбира, тоа да го направи во најитна можна постапка.

Во една социјална држава каква што е Република Северна Македонија според Уставот, не смееме повеќе да дозволиме, ниту еден денар да оди залудно заради тоа што некој, тука, во овој Законодавен дом решил да даде големи бенефиции како на актуелни функционери, така и на оние кои веќе го завршиле мандатот“, порача претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, непосредно пред претставник на организацијата да го испорача текстот на Иницијативата на собраниските служби на 17 мај.

Неколку политичари, меѓу кои и Претседателот Стево Пендаровски, ја дадоа својата поддршка веднаш и во деновите по почетокот на иницијативата.

На 5 јуни, ЦИВИЛ организираше и трибина на тема „Крај за расипништвото“ каде заинтересираните граѓанки и граѓани имаа можност подетално да се запознаат со барањата на ЦИВИЛ кои се однесуваат на намалување и укинување на привилегиите на јавните функционери. Од оваа трибина подоцна произлезе и работна група која оваа иницијатива ја преточи во онлајн верзија која до крајот на септември ја потпишаа над 6.000 граѓанки и граѓани.

Овие граѓан(к)и ја поддржаа иницијативата за укинување на апанажите на било кое ниво и за било која позиција; укинување на доживотните пензии за поранешните претседатели, до моментот кога тие исполнуваат услови за пензија, соодветно на примањата што ги имале во текот на работниот век; укинување на парични и други надоместоци за сите управни одбори, односно позицијата во тие и слични тела треба да биде почесна, а не платена; укинување или спојување на државните агенции, со намалување на бројот на вработени; укинување на сите привилегии што се поврзани со користење на службените возила, репрезентации, обезбедување на функционерите и други прескапи привилегии; драстично намалување на патните трошоци на функционерите, односно, обезбедување средства во висина на цената за јавен превоз; воспоставување на пракса за забрана за набавка на службени возила од средна и висока класа; укинување на дискреционите овластувања на функционерите… Ова се дел од барањата што ЦИВИЛ ги достави до пратениците во Собранието, но и ги презентираше пред јавноста.

По завршувањето на петицијата, организацијата ги интензивира активностите околу Иницијативата и јавно побара од институциите, пред сѐ, од Собранието да преземат конкретни чекори за укинување на привилегиите што скапо ги чинат граѓанките и граѓаните.

Како што е познато, за жал, до крајот на својот мандат, Собранието не одговори на барањата на ЦИВИЛ. Но затоа, пак, Државната комисија за спречување на корупција и конфликт на интереси, на 14 февруари годинава на јавна седница ги разгледа и анализираше патните трошоци на пратениците за периодот од 2015-2019 година. Втора точка на дневен ред на оваа седница беа и постапувања по конкретни предмети.

Па така, на оваа Седница, ДКСК констатира и дека во анализираниот период, 23 пратеници имаат сопствени станови или станови на име на членови од нивното потесно семејство кои се лоцирани во Скопје. Но и покрај тоа тие пратеници примале надоместоци за користење на автомобил за доаѓање и враќање на работа, односно за патување до Скопје и назад.

За намалување на патните трошоци на пратениците ДКСК предлага натамошно регулирање на оваа проблематика во смисла на консолидирање на законската и подзаконската регулатива. Понатаму, се предлага и усогласување на регулативата со реалните можности на државата и потребите на пратениците, како и утврдување на прецизни критериуми за користење на правата на надоместоци на пратениците по сите основи. Сето тоа треба да биде поткрепено со методологија со која јасно и недвосмислено ќе се утврди правото за видот на надоместоците кои пратениците можат да ги користат.

Во овој контекст е и колумната на Сашо Орданоски „Како да се ‘потроши’ Филипче“, кој повторно го актуелизира прашањето дали во кратењето на платите за сите актуелни избрани и именувани функционери, како една од мерките на Владата, спаѓаат и редовните буџетски примања на двајцата поранешни, живи и здрави претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов?

Пред речиси една година, во екот на Иницијативата на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во колумната „Протестирам против привилегиите на сите буџовани!“ напиша: „Привилегиите во нашата сиромашна земја се налик на оние мали султанати расеани по Земјината топка (или плоча, според некои македонски „научници“). Да го оставиме на страна, за миг, арамилакот, сето крадење и злоупотреби за да се соберат пари во приватни џебови. Генерации законодавци смислуваа(т) и гласаат закони за привилегии и бенефиции за функционерите, од најмалите до најголемите, како да се лордови или, географски посоодветно, аги, бегови, паши и султани. Најблаго речено, со децении гледаме еден крајно арогантен однос кон парите што се собираат од намачените жители на ова катре земја што е, тврдам најодговорно, осиромашено токму поради нив.“

Прашањата и решенијата што ги поставија колумнистите, активистите, дел од новинарите и ДКСК во изминатата година се рефлексија на повеќегодишните заложби на ЦИВИЛ, но и на многу граѓанки и граѓани, меѓу кои се и шест и повеќе илјади потписници на Иницијативата #КрајЗаРасипништвото.

Се поставува прашањето, дали ни беше потребна ваква катастрофа како оваа со пандемијата, за конечно да сфатиме дека е крајно време да започнеме рационално да ги користиме ресурсите кои ни се на располагање. Нека е и поради пандемијата, мерките на Владата за намалување на примањата на функционерите е добар чекор. На ред се привилегиите. Да се укинат, најмалку според барањата на ЦИВИЛ.

Маја Ивановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    183 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ