• Latest

Дерала: Мора да се стави крај на расипништвото на функционерите

June 14, 2019
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дерала: Мора да се стави крај на расипништвото на функционерите

June 14, 2019 14:41
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На трибината „Крај за расипништвото“ што ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода, на 5 јуни, заинтересираните граѓанки и граѓани имаа можност подетално да се запознаат со барањата на организцијата кои се однесуваат на намалување и укинување на привилегиите на јавните функционери.

Џабир Дерала, ЦИВИЛ ги презентираше барањата што се доставија до Собранието на Република Северна Македонија, а кои наидоа веќе во првиот час од објавата на истите, на огромна поддршка од граѓанките и граѓаните. Тие користејќи ги сите канали за комуникација со ЦИВИЛ, вклучувајќи го и личното присуство на прес -конференицјата пред Собранието, освен поддршка излегоа и со свои предлози, решенија, но и со дополнителни барања како да се стави крај на расипништвото на функционерите.

„Нашите барања не се однесуваат само на поранешниот претседател, туку на сите поранешни и сегашни функционери. Нашата иницијатива се однесува на сите кои се и имениувани  и избрани, на сите функционери во администрацијата, односно на сите што се во ситуација да троат јавни пари или да искористуваат јавно добро или да употребуваат или злоупотребуваат службена положба на локлано или државно ниво. Нашата иницијатива, исто така, не се однесува само на апанажи или пензии туку на повеќе области од трошењето на јавните пари“, изјави Дерала.

ЦИВИЛ бара укинување на апанажите, доживотните пензии, нап аричните и другите надоместоци за сите управни одбори, укинување на привилегиите за користење на службени возила, репрезентации и обезбедување на функционерите, намалување на патните трошоци, укинување на привилегиите кои се однесуваат на купување на службени возила од средна и висока класа, укинување на сите дискрециони права на функционерите, законски измени во однос на промена на практиките за вработување, јавни набавки, намалување на бројот на пратеничките и пратениците во Собранието на РСМ, но пред сè воведување на практики соодветни на стандардот на граѓанките и граѓаните.

„Ние очекуваме од законодавците да внесат законски измени на промена на практиките што се однесуваат на процедури за вработување, за јавни набавки, тендери… Сето тоа се операции кои бараат многу пари онака како што се напишани во легислативата и во праксата во нашата земја. едноставно можата да се поедностават и да се направат многу поефтини самите процедури. Ние во рекациите од граѓанките и граѓаните не добивме само лајкови, туку навистина конкретни коментари во кои имаше предлози за конкретни решенија. Една група граќани што сакаа да останат анонимни ни искратија целосен законски текст“, истакна Дерала.

Како пример за добри практики и регулативи во контекст на привилегиите, Дерала ги спомна земјите Германија и Шветска, каде највисоката привилегија што може еден државен функционер да ја добие е бесплатна карта за јавен транспорт во текот на својот мандат.

По трибината се  се формираше работна група која веќе интензивно работи на концепирање и прецизирање на барањата и на конкретни предлог- законски мерки за намалувањето или целосно укинување на привилегиите на функционерите, со цел ставање конечно крај на расипништвото и неконтролираното трошење на јавните пари.

Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Ангела Петровска

Share201TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ