Соопштение на ЦИВИЛ, 3/2/2019
ЦИВИЛ – Центар за слобода организира голема национална конференција #Перспективи2019 на 13 февруари, со почеток во 11 часот. Конференцијата ќе ја отвори германскиот амбасадор во Македонија, Томас Герберих, а како говорнички и говорници ќе учествуваат видни интелектуалци и експерти, лидери во граѓанското општество и високи политичари. Локацијата и списокот на учеснички и учесници ќе бидат соопштени во текот на наредните денови.
Конференцијата е посветена на општествено-политичките и економските перспективи на Македонија. По сесијата со воведни говори и презентации, ќе се говори на темата „Меѓу надежите и реалноста“, потоа следи сесијата „Историски завршници и отворање на новите перспективи“, а во четвртата сесија од програмата ќе се обезбеди учество со коментари и прашања од сите присутни на овој настан.
Изборот на темите и агендата на Конференцијата се направи врз основа на анализите, интервјуата и колумните на голем број носители на одлуки, како и авторки и автори што се дел од медиумската продукција, мониторингот и анализите на ЦИВИЛ во изминатиот период.
Настанот е дел од проектот „Граѓанките и граѓаните за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
ЦИВИЛ Тим за комуникации со јавноста