ЦИВИЛ во наредниот период ќе направи низа разговори и интервјуа со преставници на невладини организации, здруженија, граѓански иницијативи, како и со претставници на локалната и централната власт кои се повикани да работат во доменот на одржливото општество, екологијата и заштитата на животната средина.
Редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги повикува граѓанките и граѓаните да испратат прашања, сугестии, мислења, ставови што ќе им бидат пренесени и поставени на соговорниците во текот на оваа недела.
Покрај животната средина и зелените вредности, со централните и локалните власти ќе се разговара и за европските и зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.
Разговорите и интервјуата се дел од проектот „Акција -Интергација“ што ЦИВИЛ го спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија.
Д. Муратов