• Latest

ЦИВИЛ против организираниот говор на омраза, лажните вести и дискридитација

July 9, 2020
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025

Од бугарски ‘куфери со пари’ до УСБ стик – нови лаги на ВМРО-ДПМНЕ за Заев

October 7, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет (9 октомври, ден 2, целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Partizán

Полска и Литванија го отфрлаат тврдењето на Меркел дека ја поткопале политиката на ЕУ кон Русија, го критикуваат нејзиното зближување со Путин

October 7, 2025
Фото: ССМ

ССМ: Нема достоинствена работа без достоинствени плати

October 7, 2025

Скопје домаќин на меѓународна конференција за одбрана на демократијата, зајакнување на отпорноста, заштита на демократските институции и изборните процеси (целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Топ чанел

Убиство во судница во Тирана: Судија Калаја застрелан, три лица уапсени

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

ЦИВИЛ против организираниот говор на омраза, лажните вести и дискридитација

July 9, 2020 16:47
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА
Share on FacebookShare on Twitter

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно детектира и архивира содржини со говор на омраза и разобличува лажни вести и дезинформации и дел од тие ги објавува на својата медумска платформа.  Говорот на омраза во едно цивилизирано општество никако не треба да биде дозволено, и треба да се искорени. Исто така лажните вести и дезинформации не носат никому добро, напротив, тие се за една употреба и служат само за дезинформирање на граѓаните. Граѓаните имаат право на точни информации, а не на шпекулации и дезинформации…

Во изминатиот период ЦИВИЛ е мета на организиран напад со цел да се дискредитира организацијата. Пред некој ден извесна граѓанка на Фејсбук направила цела „студија“ за работата на ЦИВИЛ и меѓудругото пишува: „Долго време ги следам Цивил Медиа и никако не можам да разберам зошто луѓево бараат да владее едноумие во Македонија или нивна северџанистан… Севезден не клеветат дека сме националисти. И што има лошо во тоа што сме националисти?“, прашува Билјана Антоска Стојанов на Фејсбук. Но „анализата“ на Антоска за ЦИВИЛ е објавена на вебпорталот Воборба.мк каде пишува дека всушност е магистер по медицинска администрација и бизнис менаџмент во маркетинг и рекламна стратегија и активист во Мелбурн, Австралија и борец за правата на Македонците во Австралија.

Ете „случајно“ госпоѓата од Австралија нè учи дека не е лошо да се биде „националист како што се ВМРО ДПМНЕ и Левица“. И од Автралија порачува дека „Македонија е на Македонците“!

„Студијата“ за ЦИВИЛ е објавена на портал каде што има банер дека „Договорот од Преспа е незаконски и треба да се раскине“, (главна кампања на ВМРО ДПМНЕ и Левица). Случајно?

Но, во истиот портал има многу „случајности“ па може да се види и дека има интервју со разрешениот судија Владимир Панчевски. Мониторинг тимот на ЦИВИЛ во неколку наврати бележи и говор на омраза кон ЦИВИЛ. Тој на својот Фејсбук профил пред неколку дена објави видео од иницијативата „Гласај“ на ЦИВИЛ, со коментар: „Ова е Перо (Арсовски), на Џабир другарче од Цивил од кампањата „гласај“, ова десно е што мислат луѓето за Перо“!

Истата објава еден час подоцна се појавува и на Фејсбук профилот на Миленко Неделковски. На објавата има десетици коментари, со говор на омраза кон Перо Арсовски.

И организираната хајка против ЦИВИЛ не запира тука, напротив, продолжува… Панчевски во друг твит пишува: Џабир во суштина инфламаторно античко оружје за кое старите латини користеле израз вагинитус! Твитот на Панчевски го споделува Миленко Неделковски со коментар: „Старите словени за тоа користеле израз пич…“. На објавата на Панчевски се надоврзува и редовниот твитер бот (ширач на говор на омраза и лаги) профилот Марга@ДаницаМММ со коментар: „Абре Качак со литро ракија дневно“.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, меѓу другите твитови со експлицитен говор на омраза и срамни содржини забележува дека овој лажен профил (бот) се бави и со етничкото потекло на тимовите на организацијата.

Носителката на Изборна единица, Јована Мојсоска од Левица, во недостаток од идеи и изборна програма како би била забележана меѓу луѓето и да ја гласаат, шири омраза за членови на ЦИВИЛ.

Покрај многуте коментари со говор на омраза, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи експлицитен говор на омраза кон организацијата од лицето кој на Фејсбук е потпишан како Тони Лапе Марков. Тој во два наврати вулгарно и примитивно коментира на официјалната Фејсбук страница на ЦИВИЛ под текстот кој е објавен на ЦИВИЛ Медиа: „Говор на омраза и закана за активистот Ненад Јовановиќ“, и под текстот: „Мицкоски на партиски собир повторно ги прекршува мерките и препораките!“.

ЦИВИЛ Медиа побара одговор од МВР дали навистина лицето Марков работeл во МВР како што му пишува на неговиот Фејсбук профил, пришто добивме одговор дека: „Од страна на Министерството за внатрешни работи по извршените проверки констатирано е дека посоченото лице (Тони Лапе Марков) не е вработен во Министерството бидејќи работниот однос на истото му престанал во 1998 година“, велат од МВР за ЦИВИЛ Медиа.

Она што го забележува Мониторинг тимот на ЦИВИЛ е дека вокабуларот на Тони Лапе Марков е сменет, откако ЦИВИЛ јавно го праша – дали тој има ексклузивно право, јавно со цело име и презиме да навредува, вулгарно да се однесува и да користи говор на омраза? Ако има такво право, го прашуваме – кој му го дал тоа право?

ЦИВИЛ го поздравува ваквиот начин на комуникација (иако има доза на закана „ајде уште малце ви се ближи крајот“), меѓутоа пристојна дебата и различните мислења и ставови се здрави за едно општество.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележува дека Фејсбук страницата „Налет да се сторите“ постојано шири говор на омрза за ЦИВИЛ. На 29 јуни на страницата имаше објава за Ненад Јовановиќ на која во коментар „Слобода или Смрт“ отворено се закани на активистот. Цивил на 30 јуни  на својата платформа извести за случајот, по што страницата исчезна од Фејсбук 4 дена.

Страницата „Налет да се сторите“ во овој момент повторно не е достапна, односно е избришана од Фејсбук. Интересно е тоа што одвреме на време се активира и шири говор на омраза и ја снемува.

Шовинистички шкрабања со очигледна намера за дискредитација и омаловажување по етничка основа, се неприфатливи во ниту еден дел од организацијата. ЦИВИЛ, како организација за човекови права, во своето долгогодишно работење секогаш е отворена за сите што имаат отворен ум, активистички дух, неприкосновени пред предрасуди, борци за правда и права, а тоа се гледа и од богатсвото од разновидост од идеи, активизам, работа, посветеност и човечност кај своите безбројни членови, внатрешни и надворешни, како што впрочем може да се види од најуспешниот спој на различностите во едно место, во нашата земја.

ЦИВИЛ ги повикува надлежните институции да се ангажираат максимално во спречувањето на ширење на говор на омраза, и да ги санкционира соодветно.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email
Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ