Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ најверојатно повторно не ги знае протоколите и мерките за заштита од ширење на коронавирусот. Денеска во Горно Лисиче, на „Горноврановска“, во поголемо присуство на граѓани, меѓу кои и малолетни деца, заедно со првиот генерален секретар Борис Змејковски откриле плоча во спомен на формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, пред точно 30 години.
На фотографиите до кои дојде мониторингот на ЦИВИЛ, може да се забележи дека Мицкоски не ги почитува препораките на здравствените работници, односно се гушка и поздравува со сопартијците, со деца, дел од насобраните граѓани со кои се фотографира и дружи немаат ниту заштитна маска…
Додека од партиските говорници и сопштенија постојано Мицкоски се повикуваше на тоа дека „здравјето на граѓаните му е пред сè“, но, во реалноста сликата е спротивана. Откако опозицијата се кандиса да оди на избори, веднаш почна со партиските собири. Дали и за овој партиски собир виновна ќе биде власта? Или повторно Мицкоски ќе се правда „дека не ги знаел препораките“?
Д. М.