• Latest

Утрински брифинг: ЦИВИЛ со интензивен мониторинг и во време на пандемија

May 14, 2020

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Утрински брифинг: ЦИВИЛ со интензивен мониторинг и во време на пандемија

May 14, 2020 08:32
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во денешната програма на „Утрински брифинг“ Маја Ивановска од ЦИВИЛ зборуваше за најновите активности на организацијата во изборен контекст.

„Без разлика на моменталната ситуација и одложувањето на изборите поради пандемијата од КОВИД-19, ЦИВИЛ продолжи со своите активности кои вклучуваат долгорочен мониторинг на изборите. ЦИВИЛ има обезбедено средства за 220 набљудувачи. Ако до вчера беа ангажирани 19, веќе од денеска имаме 24 долгорочни набљудувачи. Долгорочниот мониторинг се спроведува согласно методологијата која е воспоставена во 2008 година, кога за прв пат започнавме со мониторинг на изборните процеси во земјата и таа методологија постојано се развива и надоградува согласно промените кои се случуваат во нашата држава, а нив ги има многу“, изјави Ивановска за Утрински брифинг.

„Ги набљудуваме настаните и активностите на политичките партии со посебен фокус на политичката корупција, колективно однесување на политичките партии, но и структурите кои се дел од администрацијата и институциите (партиско вработување, коруптивно однесување на активисти и функционери кои даваат ветувања со коруптивна димензија, односно сите оние однесувања кои не се дел од вообичаените и воспоставени политички практики). Со голем успех ловиме лажни вести, говор на омраза и црната пропаганда и тука сме меѓу водечките организации кои го мониторираат овој дел.

Ние сме генерално мала екипа, па и затоа во нашата долгогодишна пракса многу се потпираме и на пријавите кои секојдневно пристигнуваат до нас од граѓанки и граѓани од целата земја. Всушност помошта од граѓанките и граѓаните е показател дека сме организација која ужива голема доверба кај луѓето“, истакна Ивановска.

Во однос на тоа кој е ставот на организацијата за одржување на предвремени парламентарни избори, Ивановска потенцираше дека изборниот процес мора да продолжи онаму каде што застана веднаш по олабавувањето на мерките.

„Ние во ЦИВИЛ имавме став за одржувањето на изборите дури и пред политичките партии. Бевме за брзи избори во декември минатата година. И сега стоиме на ставот дека веднаш по олабавувањето на мерките и завршувањето на вонредната состојба изборниот процес треба да продолжи онаму каде што застана. Секако дека ситуацијата во која се наоѓа светот, па и ние во однос на пандемијата ќе наметне нови услови и практики во спроведувањето на изборите, но останува фактот дека потребни ни се функционални институции и парламент. Кога веќе политичките чинители не успеаја да се договорат за свикување на Собранието, единствената работа која ни останува се изборите. Тоа е единствениот излез од оваа ситуација и кога станува збор за понатамошното справување со корона вирусот, но и кога станува збор за последиците кои како држава и општество ќе ги трпиме во наредниот период. Да не заборавиме, пред нас е и еден исклучително важен период кога станува збор за иднината на државата, а тоа се почетокот на преговорите со Европската Унија. Должност на политичарите, но и на нам граѓаните ни е да покажеме дека сме сериозна држава која има капацитет да се справи со ситуацијата. Тоа е ставот на ЦИВИЛ кој изминатиов период го градиме врз основа на консултациите со експертскиот тим“, рече Ивановска.

За работата на техничката влада генералниот заклучок на организацијата е дека има сериозни пропусти во работата на истата.

„Како што веќе реков, долгорочниот мониторинг на ЦИВИЛ подразбира набљудување на настаните, активностите и однесувањето на политичките партии во изминатиот период. Во контекст на наодите поврзани со работата на техничката влада морам да истакнам дека бележиме голем број на пропусти во однос на квалитетот на спроведувањето на активностите кои се типични за една влада. Нашиот генерален заклучок е дека однесувањето на политичките партии, за жал, говори за тоа дека институциите се користат за спроведување на партиска агенда, а не агенда на една влада“, изјави Ивановска.

За тоа дали и на кој начин работата на набљудувачите ќе се промени во наредниот период, Ивановска одговори дека се подготвуваат протоколи за набљудувачите кои ќе бидат во согласност со препораките на здравствените институции.

„Што се однесува до пандемијата ЦИВИЛ како организација од првиот ден, кога се појави првиот случај на заболен во земјава максимално вложува во својата медиумска платформа за брзо, навремено и точно информирање на јавноста за состојбите со корона вирусот. Секако, случувањата наметнаа поинаков начин на работа, но мислам дека успешно успеавме да се носиме со ситуацијата. Направивме протокол за однесување на секој член од екипата, но и за надворешните соработници. Работиме на утврдување на протокол и за краткорочниот мониторинг кој подразбира набљудување на денот на изборите, секако во согласност со препораките на здравствените институции.

Па во таа смисла и еден дел од мониторингот ќе биде фокусиран на тоа дали Државната изборна комисија како организатор, избирачките одбори и комисии, но и политичките партии како учесници во процесот, ќе се придржуваат до мерките и упатствата за спречување на вирусот. Ако до пред пандемијата имавме 14 категории на нерегуларности кои ги бележиме во извештаите, сега додаваме уште една категорија, а тоа е начинот на спроведување на изборниот процес со мерките за заштита“, додаде таа.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ