Како што најавивме, ЦИВИЛ ќе организира серија панел дискусии на актуелни светски и домашни теми, најмалку еднаш неделно, од почетокот на февруари, секоја среда, со почеток во 13 часот.
Меѓу извонредно интересните и актуелни теми што ги одбра тимот на ЦИВИЛ е и најактуелната тема во светски рамки, руско-украинската криза.
ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Руско-украинската криза и Северна Македонија“ на 9 февруари (среда), во 13 часот, во ЦИВИЛ прес центарот во просториите на Бизнис центарот „Палома Бјанка“ во Скопје.
На настанот ќе се разговара за загрозувањето на самостојноста, сувереноста и мирот на Украина, солидарноста и поддршката од Северна Македонија кон оваа пријателска земја, дезинформациите и пропагандата против сувереноста и слободата на Украина.
Настанот ќе биде со комбинирано присуство на учесници, онлајн и со физичко присуство, а ќе се емитува на онлајн каналите на ЦИВИЛ, Јутуб и civil.mk.