• Latest

Во фокусот на ЦИВИЛ: Изборен систем, руско-украинска криза, организираниот криминал и нелегалното оружје…

February 2, 2022
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Каде исчезнаа панкерите? За културата меѓу подрумите и блескавите химери

November 15, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Кога и Како?

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Во фокусот на ЦИВИЛ: Изборен систем, руско-украинска криза, организираниот криминал и нелегалното оружје…

February 2, 2022 13:15
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во последно време, се погласни се политичарите со иницијативи за измени во изборниот систем. Една изборна единица е најновата играчка во македонската политичка игротека. Истовремено, дел од политичарите во земјата бараат предвремени избори. Тие две работи не одат заедно.

Секоја промена во Изборниот законик неопходно е да се направи најмалку шест месеци пред било каков изборен процес.

Да не зборуваме за тоа колку време и ресурси се потребни за коренита промена каква што е изборниот модел. Тоа секако мора да оди во пакет со креирање нов Изборен законик што, самото по себе, претставува долг и деликатен процес кој не смее да помине без учество на граѓанките и граѓаните преку различните облици на организирање кои им се на располагање во една демократска земја.

За тоа е потребно знаење и искуство, познавање на приликите, на законите, на тоа како функционираат тие закони, како, кој и колку успева да ги имплементира законските регулативи поврзани со изборните процеси. И најважното – дали и колку се почитува правото на глас, едно од фундаменталните човекови права!

Бидејќи, да потсетиме, изборниот систем, изборната регулатива и самите изборни процеси се спроведуваат, замислете си, за граѓанките и граѓаните! Не за политичките партии, туку за луѓето да донесат информирана одлука и да изберат кој најмногу им одговара да им служи.

Ова звучи како фантастична приказна, затоа што партиите се однесуваат како да се центарот на светот и како се да постои за нив и само за нив. Но ако тргнат во менување на изборниот систем без да ги земат предвид знаењата и искуствата на граѓанските организации и експертите – единствениот успех што ќе го забележат ќе биде да го дотепаат и онака разнишаниот изборен систем во земјата.

Дел од македонските политичари и нивните клубови, пардон, политички партии, се познати по својот омилен спорт: Киднапирање на процесите.

За ова и за многу други аспекти на прашањата поврзани со изборните процеси, Цивил напиша и објави публикации на неколку илјади страници а неспоредливо повеќе пишува и објавува секој ден на својата медиумска платформа. Уште повеќе и далеку порано, граѓанската асоцијација Мост предлага добри законски решенија и поведе неколку кампањи за промени во изборниот систем. Една од нив е кампањата за отворени листи уште во 2011 година. Цивил како организација говори за една изборна единица отприлика една деценија. И поранешниот премиер Зоран Заев повика да се воведе една изборна единица уште во 2015 година.

Но ништо од тоа додека калкулантите во политиката не се сетија дека една изборна единица можеби ќе им донесе повеќе моќ. Не заради гласачите, туку заради себе. А некои од нив воедно бараат и предвремени избори, што укажува само на тоа кои им се мотивите.

Прочитајте неколку реда повеќе за ова во попладневниот едиторијал на ЦивилМедиа.

Воедно, денеска сакаме да најавиме и серија настани поврзани со повеќе супер актуелни теми и настани кај нас и во светот.

За што се работи?

ЦИВИЛ ќе организира серија панел дискусии на актуелни светски и домашни теми, најмалку еднаш неделно, од почетокот на февруари, секоја среда, со почеток во 13 часот.

Темите што ги одбра тимот на ЦИВИЛ се извонредно интересни и актуелни. Агендата во наредните два месеци изгледа вака:

9 февруари

„Руско-украинската криза и Северна Македонија“

16 февруари

„Нелегалното оружје и организираниот криминал: Сè е поврзано“

23 февруари

„Информациски хаос: Трендови и перспективи“

2 март

„Изборен систем и реформи: Препораките на ЦИВИЛ“

9 март

„Еднаквост на жените: Длабока хибернација“

16 март

„Мултикултурализам: Основа за развој, стабилност и почитување на човековите права и слободи“

23 март

„Безбедноста и реформите во полицијата: Поблиску до граѓанките и граѓаните“

Времетраењето на сите настани ќе биде 60-90 минути и ќе бидат пренесувани во живо на онлајн платформите на ЦИВИЛ, со почеток во 13 часот. Тие ќе се одржуваат во комбиниран формат, со онлајн и со физичко присуство.

Програмата ќе ја водат луѓето од составот на ЦИВИЛ, аналитичарите, истражувачите и експертите со кои организацијата редовно соработува.

ЦИВИЛ ги поканува на учество сите што сакаат да учествуваат со свој прилог, да изнесат став или информации за темите. Доволно е да се напише мејл (desk@civil.mk) и накратко да се најави или опише содржината со која заинтересираните сакаат да учествуваат.

Зависно од настаните и можностите, редоследот на настаните, може да биде променет, да се одржат вонредни изданија или во агендата да влезат и други теми.

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ