• Latest

ЦИВИЛ со порака до избирачките одбори: Важечко е секое гласачко ливче од кое се гледа дека гласачот јасно ја изразил својата волја

October 19, 2025

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА ЕДУКАЦИЈА

ЦИВИЛ со порака до избирачките одбори: Важечко е секое гласачко ливче од кое се гледа дека гласачот јасно ја изразил својата волја

October 19, 2025 17:52
in ВЕСТИ, ЕДУКАЦИЈА, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Со оглед на тоа дека со години се провлекува прашањето околу тоа кое ливче е важечко, а кое не, па често имаме извештаи во кои еден избирачки одбор се изјаснил на еден начин за начинот на кој е пополнето гласачкото ливче, а друг избирачки одбор на сосема поинаков начин, важно е да потсетиме на правилата, објави ЦИВИЛ.

Организацијата ги потсетува избирачките одбори на едно добро познато и сè уште важечко упатство на Државната изборна комисија во кое стои дека „за важечко гласачко ливче се смета и она гласачко ливче од кое на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидати избирачот гласал“.

Во продолжение го пренесуваме целото упатство од ДИК:

УПАТСТВО за важечки и неважечки гласачки ливчиња

1) Гласачкото ливче е важечко ако е во согласност со член 110 од Изборниот законик.
2) За важечко гласачко ливче се смета и она гласачко ливче од кое на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидати избирачот гласал.
3) Гласачкото ливче е неважечко ако не е пополнето или има заокружено повеќе листи на кандидати или кандидат

  1. При утврдувањето на тоа што претставува „сигурен и недвосмислен начин,, треба да се појде од тоа на кој начин е пополнето гласачкото ливче, односно дека избирачот со заокружување јасно ја изразил волјата дека гласал само за една листа на кандидати или кандидат.
  2. Сигурен и недвосмислен начин на изразување на волјата на избирачите би претставувало гласачко ливче на кое избирачот, наместо редниот број пред подносителот на листата, го заокружил името и презимето на носителот на листата или симболот на подносителот на листата.
  3. Гласачкото ливче е неважечко доколку не е пополнето на начин предвиден со Изборниот законик, ако е прецртано делумно или целосно, ако се заокружени повеќе листи на кандидати, ако бројот на гласачкото ливче не е соодветен на бројот на гласачкото место каде се гласа, или ако гласачкото ливче нема печат на предната страна.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ