Министерот за правда Никола Тупанчески оствари средба со Амбасадорот на Република Словенија во РСМ, Милан Предан, информираат од Министерството за правда.
На средбата се разговараше за развојот на билатералните односи меѓу двете држави и конкретните активности кои ќе се преземат во наредниот период во насока на отпочнување на скринингот по кластери и поглавја во септември.
Амбасадорот Предан изрази надеж дека Словенија преку своите искуства ќе и помогне на РСМ успешно да го заврши преговарачкиот процес.












