• Latest

Тупанчески: Стратешки приоритет на Владата е борбата против криминалот и корупцијата

November 9, 2022
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Тупанчески: Стратешки приоритет на Владата е борбата против криминалот и корупцијата

November 9, 2022 12:06
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Борбата против криминалот и корупцијата претставува еден од стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија. Министерот за правда Никола Тупанчески во своето обраќање на настанот„Превенција и спроведување на закони против корупција – перспективи од Франција и Југоисточна Европа“ кој беше организиран од Амбасадата на Франција во РСМ, се осврна на мерките и активностите кои ги презема Владата за превенцијата и спроведување на законите против корупција.

Беа спомнати Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси , Законот за лобирање и Кривичниот Законик. Во нацртот на новиот Кривичен законик се предвидени извесни новини кај кривичните дела против службената должност. Злоупотребата при јавни набавки ќе биде посебно кривично дело.

,,Во најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес, од октомври 2022 година, се констатира дека државата продолжува да напредува во истрагите, гонењето и судењето на предметите на корупција, вклучително и предметите на корупција на високо ниво, а не остана незабележано и проактивното дејствување на Државната комисија за спречување на корупција. На најновата листа на Транспаренси интернешнл за Индексот за перцепција за корупцијата за 2021 година, Република Северна Македонија ја подобри својата позиција за 4 индексни поени во однос на претходната година и е на 87 место, за разлика од извештајот од 2020 година кога беше на 111 место”, рече Тупанчески.

Министерот за правда истакна дека Владата и Министерството за правда продолжуваат со преземање мерки за остварување на заложбите за подобра соработка и координација меѓу институциите, јакнење на институционалните капацитети и нивна отвореност за соработка со граѓанскиот сектор, како и за унапредување на меѓународната соработка, со цел ефективна борба против корупцијата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ