Вучиќ-Путин (фото извор: Газета Експрес)
epa08176355 Results of vote during plenary session on BREXIT vote of the European Parliament in Brussels, Belgium, 29 January 2020. Britain's withdrawal from the EU is set for midnight CET on 31 January 2020, with the European Parliament scheduled to vote on the Brexit Withdrawal Agreement.  EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ
Харкив, 25 мај 2024
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Тупанчески: Задутре ќе се одржи првото судење во најголемата дигитална судница во земјата

Првото судење во најголемата дигитална судница во државата, сместена во Идризово е предвидено да се одржи во среда на 14 декември. Ова во интервјуто за НоваТВ како одговор на прашањето за реформите на пенитенцијарниот систем, го потврди министерот за правда Никола Тупанчески.

Објектот се простира на површина од 1089 м2 со капицитет за 120 лица. Станува збор за најголемата и најопремената судница во Република Северна Македонија со судска сала од 290 м2.

„На 30 ноември 2022 година се стави во функција најголемата дигитална судница во државата во Идризово која е последниот од низата проекти кои ги реализираше Министерството за правда. Изградена е по примерот на судниците во државите со големо искуство во сузбивањето на организираниот криминал. Таа е само еден сегмент од целокупниот комплекс за оваа намена кој меѓудругото содржи и простории за обвинетите, посебни канцеларии за судиите и јавните обвинители, простории за адвокатите, најсовремен систем за заштита на сведоци со можност за изобличување на слика и тон, систем за видеоконференција, кабина за преведувачи, како и соодветен безбедносен и мониторинг систем“, вели Тупанчески.

Комплексот располага со посебни влезови за осудени лица, за службени лица, како и за јавноста која ќе присуствува на овие судења и посебен дел за новинарите.

Од останатите планирани градежни работи како дел од проектот за  „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија”, предвидено е изградба на објектите од Сегмент II Фаза 1 во комплексот КПД Идризово со проценета вредност од  31,884,805 евра.

Затворено одделение со влезен објект за контрола и дел за посети, приемно одделение за сместување на 74 осудени лица, објект за здравствена заштита со стационар за 54 лица, одделение за сместување на 280 осудени лица, специјално одделение за сместување на 68 осудени лица, предната страна на армирано-бетонски ѕид, заштитни жичани огради, улици, патеки, отворени игралишта и шеталишта, внатрешна инфраструктура со партерно уредување и друго.

А. Василевска / Новатв.мк

[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

CIVIL MEDIA NEWSLETTER