• Latest

Тупанчевски: Никој нема да биде поштеден од одговорност по претресот во КПУ „Идризово“

June 15, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Тупанчевски: Никој нема да биде поштеден од одговорност по претресот во КПУ „Идризово“

June 15, 2022 15:30
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Никој нема да биде поштеден од одговорност по спроведената координирана акција на повеќе институции во Казнено поправната установа-КПУ „Идризово“ каде биле претресувани 25 ќелии и се пронајдени мобилни, ножеви и дрога, соопшти денеска министерот за правда Никола Тупанчевски, пренесува МИА.

Тој заедно со директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски информираа за акцијата која била спроведена вчера наутро во шест часот од страна на четири институции, а при претресите биле пронајдени поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, 50-тина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки и други предмети.

 

-Резултатите од акцијата, првичните резултати се навистина дека се направи добра проценка и уште еднаш се реагираше на начин на којшто всушност би требало да биде, како во иднина треба да се реагира доколку се појават такви девијантни однесувања. Се разбира никој нема да биде поштеден од одговорност. Се работи за количина на мобилни телефони, ладно оруќје итн. Без оглед на се, зборуваме за затворска популација или зборуваме за казнено поправна установа од затворен тип. Само по себе пред се тоа подразбира одговорност, не станува збор за некаква дисциплинска повреда и не се работи за некоја лесна форма на криминалитет, самото по себе тоа подразбира дека одговорност треба да има. Меѓутоа сепак да го оставиме тоа да го завршат институциите коишто се надлежни, истакна Тупанчевски.

Министерот информираше и за извештајот на  Комитетот за превенција за заштита од тортура, при Советот на Европа чии претставници пред десет дена при посетата на нашата земја констатирале дека не се најсјани условите во Казнено поправните установи во државава

-Укажувањата на Комитетот за заштита на превенција меѓу другото беше дека практично треба да се интервенира во делот Казнено поправните установи каде што имаат конкретни укажувања дека меѓудругите интервенции или корекциите што треба да бидат направени, е во делот каде што може слободно да наречеме се работи за менаџирање на затворите, затворскиот менаџмент каде што укажувањето беше или сугестијата во таа насока дека има одредени лица коишто се именувани , а не ги исполнуват условите да бидат на таа позиција, појасни Тупанчевски.

Забелешката, додаде тој, беше прифатена затоа што на многу експлицитен начин беше пренесена и Министерството за правда заедно со другите останатите институции коишто се надлежни за имплементација на таа сугестија, веќе почнуваме да ги отстрануваме недостатоците коишто претставуваат непочитување на некоја одредба од позитивните законски прописи.  

 

Директорот Спасовски нагласи дека направен е неселективен претрес во повеќе одделенија во 25 простори на затворот и дека се уште постојат индиции дека има мобилни телефони.

-Ние редовно, на редовно ниво се вршат претреси на одредени ќелии, меѓутоа станува збор за најголем затвор и не е можно во една акција да бидат опфатени сите ќелии, истакна  Спасовски.

Појасни дека претресот бил со наредба на обвинител и бил наменет за влез во 25 ќелии и точно таргетирани лица.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ