Туркије работи на отворање на уште два гранични премини со Сирија за да се овозможи проток на хуманитарна помош во соседната земја, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пренесе МИА.
Тој рече дека оштетувањето на сириската страна од патот што води до граничниот премин, кој е отворен исклучиво за хуманитарна помош како дел од одобрението од Советот за безбедност на Обединетите нации, предизвикува тешкотии.
– Има одредени проблеми во однос на помошта на Туркије и меѓународната заедница. Поради тоа, се прават напори да се отворат уште два гранични премини, информира Чавушоглу.