Парламентарниот комитет за надворешни работи на Големото национално собрание на Турција даде зелено светло за нацрт-законот за Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО да биде ставен на дневен ред за ратификација, објави Анадолија.
На седницата се разгледале 10 нацрт-закони, од кои осум се одобриле, вклучувајќи го и Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.











			
