• Latest

Турската полиција почна истрага за коментари на интернет поврзани со економијата

August 13, 2018

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Турската полиција почна истрага за коментари на интернет поврзани со економијата

August 13, 2018 12:16
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Турското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека ги презема „неопходните мерки“ во врска со објавите на социјалните мрежи за состојбата во економијата и курсот на турската лира, кои би можеле да имаат негативно влијание врз „економската безбедност на Турција“.

Во соопшението на Министерството се посочува дека од 7 август се утврдени 346 профили на социјалните мрежи на кои на провокативен начин се објавени коментари за економската состојба и падот на вредноста на лирата и против нивните сопственици се преземени соодветни правни мерки.

Турската телевизија Си-Ен-Ен Турк јави дека Јавното обвинителство од Истанбул започнало истрага против лица кои се осомничени дека со своите активности ја загрозуваат економската безбедност на Турција.

– Турција стана предмет на економски напади, изјави за телевизијата извор од Обвинителството, најавувајќи дека властите ќе преземат правни мерки против сите лица за кои се смета дека помагаат во спроведувањето на тие напади.

Во меѓу време, потпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Ибрахим Калин порача дека турската економија е силна и дека луѓето не треба да обрнуваат внимание на разните шпекулации.

Тој нагласи дека Министерството за финансии, Централната банка, Комисијата за пазарот на капитал и другите институции ги преземаат неопходните мерки за задржување на финансиската стабилност.

Ердоган вчера оцени дека падот на вредноста на турската лира и осцилациите на нејзинот курс не можат да се објаснат логично, освен дека станува збор за заговор против Турција.

Обраќајќи се на собир на свои приврзаници во градот Трабзон, Ердоган трет ден по ред, апелираше до Турците да ги менуваат своите заштеди во евра и долари во турски лири, со што би придонеле за зајакнување на вредноста на националната валута.

Турската лира од почетокот на годината загуби 35 проценти од својата вредност, што според експертите е резултат на тензиите во односите меѓу Анкара и Вашингтон, но и на обидите на Владата на Турција да воспостави контрола врз монетарната политика на земјата. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    175 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ