Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека неговата земја е подготвена да стане гарант за безбедноста на Украина. Но, во исто време шефот на МНР истакна дека неговата земја нема да го прифати членот 5 од НАТО како гаранција, пренесува РБЦ-Украина преземено од Хуриет.
Според Чавушоглу, првично Украина им понудила на голем број земји, меѓу кои Турција, САД, Велика Британија, Канада, да станат гаранти на безбедноста на Украина. Веќе по првата рунда преговори, Киев доби предлог да го користи членот 5 од Северноатлантскиот пакт како гаранција.
„САД, Велика Британија и Канада ја отфрлија оваа клаузула. Се разбира, тоа не го прифаќа ниту Турција. Испраќање турски војници во земјата во случај на конфликт во Украина не доаѓа предвид. Се обидуваме да разбереме какви гаранции можат да бидат ефективна алтернатива“, рече турскиот министер за надворешни работи.
Да потсетиме дека петтиот член од статутот на НАТО за колективна одбрана вели дека нападот врз една од членките на алијансата ќе се смета како напад врз сите членки на НАТО. За прв пат во својата историја, НАТО ја примени оваа клаузула по терористичките напади на 11 септември 2001 година во САД.
подготви: Жорж Димовски