• Latest

Турција на нашата Армија и донираше дронови, средства за врски, ноќни визири и интендантска опрема

August 30, 2024
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Турција на нашата Армија и донираше дронови, средства за врски, ноќни визири и интендантска опрема

August 30, 2024 18:23
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во касарната „Илинден“ во Скопје, денеска имаше примопредавање на донација на опрема од Република Турција за потребите на нашата Армија. Станува збор за дронови, средства за врски, ноќни визири и интендантска опрема. На настанот присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал – мајор Сашко Лафчиски, како и амбасадорот на Турција, Фатих Усулој.

Турскиот амбасадор Усулој рече оти чест му е што сведочи на еден од значајните мигови на долготрајното пријателство меѓу двете земји.

– Воената опрема што се донира, не претставува само еден грант, туку е симболичен знак на нашата поддршка во насока на зајакнување на одбранбените компетенции на Северна Македонија. Особено сум среќен, што ова примопредавање се реализира на ден што коинцидира со 30 август – Денот на победата (Денот на армијата), што има посебно воено значење за Туркије, нагласи турскиот амбасадор.

Тој посочи дека односите меѓу двете земји, својата сила ја црпат од длабоко вкоренетите историски, културни и меѓучовечки врски.

– Дипломирањето на основачот на Република Туркије, ветеранот Мустафа Кемал Ататурк во Македонија, односно во Воената гимназија во Битола, претставува уште една рефлексија на нашите вкоренети односи, додаде тој.

Амбасадорот се осврна и на тоа дека „Република Туркије, која оваа година ќе ја слави својата 101. годишнина, во изминатиот период се зајакна во сите полиња“.

– Модерната држава Република Туркије, основана врз цврсти темели, го продолжи својот подем како модерна и просперитетна држава, реализирајќи огромни подвизи во сите области, од одбранбена индустрија до транспорт, од економија до енергетика и образование. Одбранбената индустрија е меѓу првите области каде реализиравме исклучителни подвизи. Туркије денес се наоѓа меѓу 10-те земји на светот што проектираат, градат и одржуваат сопствени воени бродови. Воедно е меѓу четирите земји на светот во производство на беспилотните летала ИХА и СИХА, информираше турскиот амбасадор.

Со првиот беспилотен вооружен брод во светот, вооружените беспилотни летала, ТЏГ Анадолу, беспилотниот борбен авион Кизилелма, националниот борбен авион од петта генерација КААН, протагонистите на својата област чиј успех се докажа на низа воени региони, беспилотните вооружени летала како Бајрактар, Акинџи, Аксунгур, АНКА-3, како и со низа други капацитети, континуирано се залагаме да се развиваме себе си, дополни амбасадорот.

Како земја што на сите полиња, вклучувајќи ја и одбранбената индустрија, посочи тој, ги развива билатералните односи врз основа на начелото на вин-вин, ни претставува задоволство да ги споделиме нашите способности со нашите пријателски и сојузнички земји.

– Со оваа помисла, уште од осамостојувањето со Северна Македонија, како и во другите области, основавме многу плодна соработка и во областа на одбраната. Со над 50-тина потпишани договори ги изградивме нашите воени односи врз цврст темел. Бевме ваш сојузник, кој моќно го поддржуваше вашето членство во НАТО. Преку обуки на единици на одбраната и безбедносните служби, дадовме голем придонес кон човечкиот капитал на Северна Македонија. Реализирајќи заеднички вежби, ја зајакнавме интероперабилноста на нашите армии. Бевме соборци во мировни мисии на ОН низ разни географски региони, како и во НАТО, СИБРИГ, КФОР и АЛТЕА, додаде амбасадорот.

Тој нагласи дека одлучни се да продолжат да ги развиваат нашата соработка и поддршка.

– Ќе продолжиме заедно со пријателска и сојузничка Северна Македонија да работиме за воспоставувањето на мирот, безбедноста и на стабилноста во регионот и пошироко. Ја користам приликата да ја потврдам нашата волја за зајакнување на воената соработка со Северна Македонија, подвлече Усулој.

Министерот за одбрана Мисајловски рече дека денеска не се гледа само сојузништво на дело, туку се гледа и пријателство и меѓусебна посветеност видлива повеќе од три децении.

– Затоа особено ми е драго што денеска како министер за одбрана, имам чест на нашите сојузници да им го честитам националниот празник – Денот на победата и Денот на вооружените сили на Република Турција. Донацијата од Република Турција уште еднаш го докажува вистинското и трајно пријателство меѓу нашите народи. Во име на македонскиот народ и Армијата, им благодарам на турскиот народ и на државата за оваа донација, што ќе овозможи јакнење на капацитетите на нашата Армија, а со тоа и јакнење на мирот, безбедноста и стабилноста на Алијансата, истакна министерот за одбрана, нагласувајќи дека Турција е наш докажан пријател и партнер.

Нивната поддршка, додаде тој, „значително придонесе за модернизација и опремување на македонската Армија со нова најсовремена опрема согласно НАТО стандардите“.

– Бројни се областите каде соработуваме за градење на армиските капацитети, а како особено вредна за нас, ќе ја издвојам воената едукација на нашите офицери, подофицери и професионални војници во Турција, на воениот колеџ, на воената медицинска академија и во НАТО центарот за извонредност. Нашето заедничко учество во мисијата на НАТО, „Одлучна поддршка“ во Авганистан, КФОР мисијата во Косово и ЕУ операцијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина, дополнително ја зајакнаа меѓусебната доверба. Ја цениме одличната соработка во рамките на SEEBRIG, но, никако не ја забораваме и солидарноста за време на Ковид-кризата во 2020 година, како и вашата поддршка за справување со пожарите што неодамна ја зафатија нашата држава. Турција беше првата земја што испрати воздушна поддршка од два авиона и еден хеликоптер и навистина амбасадор, јас сум благодарен и на вас и на државата Турција, за ова што го правите за нашата земја. Ви благодарам од срце, подвлече Мисајловски.

И началникот на Генералштабот на Армијата, генерал – мајор Лафчиски го честиташе значајниот ден за како што рече, нашиот долгогодишен стратешки партнер, Република Турција, од негово и од името на сите припадници на Армијата.

Според него, овој ден не е само празник на Република Турција, туку е и симбол на силата на пријателството и на соработката меѓу двете земји.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ