Околу 200 граѓани протестираа пред Собранието на Република Македонија во пресрет на седницата за уставни измени за договорот од Преспа, чиј почеток беше одложен за 16 часот.
https://www.facebook.com/civil.mk/videos/299005194295734/
Половина улица беше заштитена со ограда, додека пред и околу Собранието имаше засилено полициско обезбедување.
Демонстрантите го повикаа претседателот Ѓорѓе Иванов да им се придружи и да упати порака до како што ги нарекоа „предавниците“ на македонскиот народ и држава, да не го сменат името и да не прават промени во Уставот.
Дехран Муратов
Фотографија: Ангела Петровска
Видео: Јана Мицковска Попоска