• Latest
Фото: принтскрин Х

Убиени 16 војници во самоубиствен напад во Пакистан, Индија демантира дека е вмешана

June 29, 2025
Фото: Скриншот Х

Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани по протестите во Белград

June 29, 2025
фото: ВИ

Во израелскиот напад врз затворот Евин, во Техеран, загинаа 71 лице

June 29, 2025

Белград, протести и паралели: Меѓу симболите од минатото и потрагата по иднината

June 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на Фејсбук страната на Budapest pride

Парада на гордоста во Будимпешта: Десетици илјади луѓе излегоа на протест против репресивниот закон на Орбан

June 28, 2025
Белград, протести. Фото: Скриншот

Тензично во Србија пред протестот против Вучиќ во Белград, власта прави опструкции, запрен градскиот превоз

June 28, 2025
Фото: Укринформ

Три руски хеликоптери и систем за противвоздушна одбрана уништени од украински дронови на аеродромот во Крим

June 28, 2025

УЈП: „МојДДВ“ се соочува со технички проблеми и работи со прекини

June 28, 2025

Грузиската опозиционерка Елена Хоштарија започна штрајк со глад

June 28, 2025

Локалните самоуправи ги добија парите од унгарскиот кредит

June 28, 2025
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, потпишаа договор со паневропското тело за човекови права, Советот на Европа, за формирање специјален трибунал за судење на високи функционери одговорни за руската инвазија на Украина, Стразбур, 25 јуни 2025.

Трибунал за државата-агресор Руската Федерација

June 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Убиени 16 војници во самоубиствен напад во Пакистан, Индија демантира дека е вмешана

June 29, 2025 10:05
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: принтскрин Х

Фото: принтскрин Х

Share on FacebookShare on Twitter

Индиското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го отфрлило соопштението на пакистанската војска во кое се сугерира дека земјата е вмешана во вчерашниот напад во покраината Вазиристан, во кој загинаа најмалку 13 пакистански војници.

Бомбаш самоубиец со автомобил наполнет со експлозив удрил во пакистански воен конвој во град во близина на границата со Авганистан, убивајќи најмалку 13 војници, соопшти вчера пакистанската војска.

Конвојот бил нападнат во областа Мир Али во округот Северен Вазиристан, соопшти армијата.

„Во овој трагичен и варварски инцидент, тројца невини цивили, меѓу кои две деца и една жена, исто така беа сериозно повредени“, се наведува во соопштението, додавајќи дека армијата убила четиринаесет милитанти во операцијата започната по нападот.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф го осуди нападот и го нарече „кукавички чин“.

Шефот на пакистанската армија, фелдмаршалот Асим Мунир, во соопштението изјави дека секој обид за поткопување на внатрешната стабилност на Пакистан ќе биде пресретнат со брза и решителна одмазда.

Ова подрачје на беззаконие, кое се граничи со Авганистан, долго време служи како безбедно засолниште за разни исламистички милитантни групи кои дејствуваат од двете страни на границата.

Исламабад тврди дека милитантите водат кампови за обука во Авганистан за да извршуваат напади во Пакистан, што Кабул го негира, наведувајќи дека милитантноста е внатрешно пакистанско прашање.

Министерството за надворешни работи на Индија соопшти дека го отфрлило соопштението на пакистанската војска во кое се обидело да се сугерира вмешаност на Индија во вчерашниот напад, како спонзор на терористите кои го извршиле нападот.

Пакистанските талибанци, познати и како Техрик-е-Талибан Пакистан, група составена од неколку исламистички милитантни групи, долго време водат војна против Пакистан во обид да ја соборат владата и да ја заменат со свој исламски систем на управување.

Пакистанската армија, која започна неколку офанзиви против милитантите, генерално беше нивна главна цел. Претходно, француските медиуми, повикувајќи се на изјави на неименувани функционери, објавија дека 16 војници биле убиени во нападот.

„Камиказе го удрил своето возило полно со експлозив во конвој војници“ во покраината Кибер Пахтунхва, изјави локален функционер под услов да остане анонимен. „16 војници беа убиени“, рече тој, додавајќи дека 19 цивили се повредени.

Локален полициски службеник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека покривите на две куќи се урнале во експлозијата, при што шест деца биле повредени.

Според француските меидуми, локална група поврзана со пакистанските талибанци ја презеде одговорноста за нападот. Тој бил извршен од нејзината бригада бомбаши самоубијци.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ