• Latest
Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова учествуваше на   лидерски дијалог на тема „Имплементација на зелената агенда за економски и општествен просперитет на Западен Балкан“

Министерката Шукова на Дијалог на лидерите за „Имплементација на зелената агенда за економски и општествен просперитет на Западен Балкан“

June 7, 2023

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Министерката Шукова на Дијалог на лидерите за „Имплементација на зелената агенда за економски и општествен просперитет на Западен Балкан“

June 7, 2023 18:32
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ
Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова учествуваше на   лидерски дијалог на тема „Имплементација на зелената агенда за економски и општествен просперитет на Западен Балкан“

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова учествуваше на лидерски дијалог на тема „Имплементација на зелената агенда за економски и општествен просперитет на Западен Балкан“

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова учествуваше на   лидерски дијалог на тема „Имплементација на зелената агенда за економски и општествен просперитет на Западен Балкан“, што вчера и денес се оджува во Тирана, во рамките на подготовка на Самитот на Берлинскиот процес во 2023 година.

Во духот на зајакнување на регионалното климатско партнерство меѓу земјите од Западен Балкан и Германија во рамки на Берлинскиот процес,  дијалогот на лидерите има за цел да придонесе кон одговорот на прашањето како регионот може да се доближи до единствениот пазар на ЕУ и  да се создадат предуслови за социјално и економски праведен премин од фосилни горива во обновливи извори на енергија и де-карбонизација. Социо-економските шанси упатуваат на ваква далекусежна транзиција при која треба да се постигне енергетска безбедност и независност за Западен Балкан и да им се овозможи на поединците, компаниите и академската заедница да имаат корист од зелената економија преку новите вработувања и иновации.

Очекувано е на настанот да се развие платформа за соработка на високо ниво меѓу владата, приватниот сектор и граѓанското општество во рамките на Регионалното партнерство за климата и да генерира заклучоци и препораки за Самитот на Берлинскиот процес во октомври 2023 година во Тирана.

Министерката Шукова учествуваше и се обрати на пленумот на високо ниво „Зелената агенда како заедничка мисија – преиспитување на односите- влада -приватен сектор – граѓанско општество“ каде најави дека како држава започнуваме со мапирање на националните акции како одговор на регионалниот акциски план кон Софиската декларација за Западен Балкан.

Ко-домаќини на настанот се Министерство за енергетика и инфраструктура и Министерство за туризам и животна средина на Албанија и Сојузно министерство за економска соработка и развој во соработка со Сојузно министерство за надворешни работи на Германија.

Tags: „Имплементација на зелената агенда за економски и општествен просперитет на Западен Балкан“Дијалог на лидериШукова
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ